ПОВЕЌЕ

    Инфлацијата во Русија достигна 8,4% !

    Време зa читање: 2 минути

    Годишната инфлација во Русија во ноември се забрза на 8,4 отсто од 8,13 отсто во октомври. На месечна основа, потрошувачките цени се зголемени за 0,96 отсто, соопшти Росстат, цитиран од светските агенции.

    Ова е највисоко ниво на годишна инфлација од 2016 година и повеќе од двапати од целта од 4 проценти што ја постави Руската централна банка.

    Цените на храната минатиот месец пораснале за 1,27 отсто во однос на октомври и за 10,81 отсто во однос на ноември 2020 година. Непрехранбените производи ги зголемија цените за 0,72 и 8,32 отсто, соодветно, а услугите за 0,81 отсто на месечно и 5,15 отсто на годишно ниво.

    Од 30 ноември до 6 декември инфлацијата беше 0,07 отсто, покажуваат податоците на Росстат во споредба со 0,46 отсто една недела претходно.

    На годишна основа, инфлацијата на 6 декември изнесуваше 8,27 отсто, а од почетокот на годинава потрошувачките цени пораснаа за 7,57 отсто.

    По неколку месеци историски ниски нивоа, потрошувачките цени во Русија почнаа да растат во март 2020 година во услови на пандемијата на коронавирус, потсетува АФП. Трендот се забрза откако економијата почна да закрепнува во услови на раст на цените на енергијата на светските берзи.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично