Највисоките просечни плати во Македонија се над два ипол пати повисоки од просечната плата. Распонот помеѓу топ 10те просечни нето августовски плати се движи од 44.374 до 83.556 денари.
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во август 2022 година, изнесува 31 871 денар. Државниот завод за статистика посочуваа дека индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во август 2022 година, во однос на август 2021 година, изнесува 111,3.
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (4.1 %), Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (3.8 %) и Рударство и вадење на камен (3.1 %).
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Преработувачка индустрија (16.2 %), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (16.1 %) и Уметност, забава и рекреација (15.6 %).
Во нашата анализа, доколку направиме споредба со просекот на плати по дејност, највисоките просечни плати се над два ипол пати повисоки од просечната плата.
Тоа значи дека 38 дејности земаат повисока плата од просечната, која во август 2022 година изнесувала 31 871,00 денар.
Да видиме кои се 10те најплатените професии кои носат најголема заработувачка во Македонија?
СЕКТОРИ И ОДДЕЛИ НА ДЕЈНОСТИ | ДЕНАРИ | ЕВРА |
Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности | 83 556 | 1359 евра |
Воздухопловен транспорт | 51 919 | 844 евра |
Останати стручни, научни и технички дејности | 51 825 | 843 евра |
Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати | 50 489 | 821 евро |
Финансиско-услужни дејности, освен осигурување и пензиски фондови | 48 311 | 785 евра |
Управувачки дејности; советување во врска со управувањето | 47 231 | 768 евра |
Складирање и помошни дејности во превозот | 46 823 | 761 евро |
Вадење на руди на метал | 46 144 | 750 евра |
Телекомуникации | 44 875 | 730 евра |
Дејности на организации врз база на зачленување | 44 374 | 721 евро |
Повторно на пиадесталот најплатени професии се вработените во дејноста компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности – нивната просечна плата во била 83.556 денари или 1359 евра.
Веднаш по нив се вработените во Воздухопловен транспорт просечно кои просечно земале 51.919 денари или 844 евра, а на трето место се вработените во Останати стручни, научни и технички дејности со просечна плата од 51.825 денари или 843 евра.
Во првата петорка, се и враоботените во Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати со просечна плата од 50.489 денари или 821 евро, како и вработените во Финансиско-услужни дејности, освен осигурување и пензиски фондови со просечна плата од 48.311 денари или 785 евра.
Во продолжение сите дејности земаат повисока плата од просечната
СЕКТОРИ И ОДДЕЛИ НА ДЕЈНОСТИ | ДЕНАРИ | ЕВРА |
Вадење на други руди и камен | 44 015 | 716 евра |
Маркетинг (реклама и пропаганда) и истражување на пазарот | 43 922 | 714 евра |
Осигурување, реосигурување и пензиски фондови, освен задолжително социјално осигурување | 43 201 | 702 евра |
Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација | 43 033 | 700 евра |
Дејности за здравствена заштита | 39 602 | 644 евра |
Правни и сметководствени дејности | 39 375 | 620 евра |
Информативни услужни дејности | 38 543 | 627 евра |
Научно истражување и развој | 38 508 | 626 евра |
Помошни дејности кај финансиските услуги и дејностите во осигурувањето | 38 336 | 623 евра |
Производство на хемикалии и хемиски производи | 38 108 | 620 евра |
Креативни, уметнички и забавни дејности | 37 947 | 617 евра |
Производство на пијалаци | 37 831 | 615 евра |
Филмска дејност, продукција на видео и телевизиска програма и дејности на снимање на звучни записи и музичко издаваштво | 37 704 | 613 евра |
Производство на останата опрема за транспорт | 37 017 | 602 евра |
Трговија на големо, освен трговија со моторни возила и мотоцикли | 36 927 | 600 евра |
Други лични услужни дејности | 36 306 | 639 евра |
Поправка и инсталирање на машини и опрема | 35 925 | 584 евра |
Производство на метали | 35 091 | 570 евра |
Производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место | 34 643 | 563 евра |
Библиотеки, архиви, музеи и останати културни дејности | 34 520 | 561 евро |
Дејности на изнајмување и давање под закуп (лизинг) | 34 476 | 535 евра |
Изградба на згради | 34 046 | 553 евра |
Производство на други неметални минерални производи | 33 991 | 523 евра |
Архитектонски дејности и инженерство; техничко испитување и анализа | 32 667 | 531 евро |
Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување | 32 634 | 531 евро |
Дејности за санација и останати услуги за управување со отпад | 32 481 | 528 евра |
Трговија на големо и на мало со моторни возила и мотоцикли и поправка на моторни возила и мотоцикли | 32 305 | 525 евра |
Канцелариско-административни и помошни дејности и деловно-помошни дејности | 32 095 | 522 евра |
Редакција Пари