Сава пензиско друштво а.д. Скопје преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста за измени во Надзорниот одбор на компанијата.
„Врз основа на член 166-б став 1 алинеја 4 од Законот за хартии од вредност Ве известуваме за извршена промена во Надзорниот одбор на Сава пензиско друштво а.д. Скопје. Во Централниот регистар на Република Македонија извршен е упис на Петер Скварча за член на Надзорен одбор, по дадено одобрение од страна на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување. Извршен е упис на Претседател на Надзорен одбор, за претседател е избран постојниот член Павел Гојкович”, се вели во соопштението на Друштвото.
Надзорниот одбор на Сава пензиско друштво а.д. Скопје во моментов го сочинуваат:
- Павел Гојкович, Претседател на Надзорен одбор;
- Д-р Мојца Горњак, член на Надзорен одбор;
- Петер Скварча, член на Надзорен одбор;
- Гоце Христов, независен член на Надзорен одбор;