НЛБ Банка преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста за измени во органите на управување односно Надзорниот одбор на Банката.
„Ве известуваме дека поради истек на мандат (22.02.2020), Г-дин Абдулменаф Беџети повеќе не е член на Надзорниот oдбор на НЛБ Банка АД Скопје.” – се вели во соопштението на Банката.
Надзорниот одбор на НЛБ Банката во моментов го сочинуваат:
- Блаж Бродњак – Претседател на Надзорен одбор
- Марјета Звер Цанкар – Заменик претседател на Надзорен одбор
- Хедвика Усеник – Член на Надзорен одбор
- Кристина Ковачич Бјелајац – член на Надзорен одбор
- Борислав Атанасовски – Независен член на Надзорен одбор