Владата на Република Македонија на вчерашната 118 редовна седница донесе одлука за утврдување на Предлог-законот за изменување на Законот за хартии од вредност.
Со Предлог-законот за изменување на Законот за хартии од вредност се овозможува освен брокерски куќи, банки, друштва за осигурување, друштва за управување со отворени и затворени инвестициски фондови, како основач и акционер во депозитарот да можат да бидат и домашни и странски берзи и депозитари.
„Со ова дополнување на законското решение се врши либерализација на пазарот, што е и во насока на поголем техничко-технолошки развој на пазарната инфраструктура во областа на пазарот на капитал со влез на потенцијални странски инвеститори во оваа дејност”, известуваат од Владата.