Денес ИутеКредит Македонија ја издаде 30 000-та Mastercard картичка после две години од лансирањето во 2019 година.
ИутеКредит Македонија е единственото финансиско друштво кое има договор со етаблиран бренд како Mastercard со што им овозможува на своите клиенти при одобрување на кредитот, да се стекнат и со оваа картичка која може да се користи за секаков вид на плаќање во земјата и странство, подигнување на готовина од банкомат, купување онлајн, итн. На овој начин клиентите на ИутеКредит Македонија ги имаат своите средства 24/7 каде и да се, а можат да прават и дополнување на картичката со нов кеш кредит во согласност со нивните потреби.
IuteCredit Mastercard е дел од екосистемот на компанијата, чија цел е да овозможи исклучително корисничко искуство за своите клиенти. Идејата е целиот процес на апликација, одобрување и исплата на кредит, како и неговото понатамошно користење да биде брз, едноставен, безбеден и лесен. Оттаму доаѓа и минимум документацијата која е потребна и целосно дигиталнот процес на апликација и потпишување на договор, преку мобилната апликација MyIute или веб страната на ИутеКредит. Исплатата на средствата може да оди директно на IuteCredit Mastercard, што се покажа особено важно за време на пандемијата со Ковид-19 и намалувањето на движењето и контактите особено на повозрасните лица, пензионерите и хронично болните, но и на сите оние кои сакаат да избегнат гужви, чекање долги редици и да заштедат време и пари.
По повод 30 000 издадени картички, ИутеКредит Македонија го награди клиентот кој ја подигна 30.000-тата картичка со интересно изненадување како благодарност за неговата лојалност кон компанијата.
Сите нови и постоечки клиенти можат да аплицираат за Mastercard картичка од ИутеКредит со секоја нова направена апликација за потрошувачки кредит која може да биде преку MyIute, онлајн на www.iutecredit.mk, во експозитурите на ИутеКредит во поголемите градови во Македонија или телефонски на 13 333.
За ИутеКредит
ФД ИутеКредит Македонија ДООЕЛ е финансиско друштво кое работи врз основа на Решение издадено од Министерството за финансии на Република Македонија бр.13-4845/5 од 24.07.2017 година и е регистриран администратор на лични податоци од Дирекцијата за заштита на лични податоци.
За Мастеркард
Mastercard (NYSE: MA), www.mastercard.com, е технолошка компанија во глобалната индустрија за плаќања. Нивната глобална мрежа за обработка на плаќања ги поврзува потрошувачите, финансиските институции, трговците, владите и деловните активности во повеќе од 210 земји и региони во светот. Производите и решенијата од Мастеркард ги поддржуваат секојдневните активности во трговијата како шопинг, патување, водење бизнис и управување со финансии – полесно, побезбедно и поефикасно за секого.