НЛБ Банка ги извлече среќните добитници во големата наградна игра за станбени кредити „НЛБ за млади“. Педесет (50) клиенти, на возраст до 40 години, на кои во периодот од 1 март до 31 мај годинава им се одобри станбен кредит од НЛБ Банка се среќни добитници на парична награда на износ од 20.000 денари. Средствата ќе бидат уплатени на сметката на одобрениот НЛБ Станбен кредит за кој добитникот на наградата аплицирал во промотивниот период.
За потсетување, на почетокот на март годинава НЛБ Банка започна промотивна кампања за НЛБ Станбените кредити со фокус на млади, со цел да даде поддршка и да го олесни купувањето на нов дом на помладата категорија клиенти кои носат важна животна одлука и се одлучуваат да ја започнат својата станбена приказна.
Право на учество во наградната игра имаа сите полнолетни лица на возраст до 40 години. Извлекувањето на 50-те среќни добитници се изврши на 15.6.2022 година, а добитниците се објавени на веб страницата на НЛБ Банка на следниот ЛИНК.
Инаку во моментов, во НЛБ Банка тече промотивна кампања на сите кредитни продукти за физички лица. Клиентите кои ќе одлучат да купат нов дом, како и оние кои имаат потреба од дополнителни финансиски средства, добиваат единствена можност, до 30 јуни, да ги искористат промотивните поволности на НЛБ кредитите – без трошоци за одобрување и без трошоци за проценка (за оние кредити за кои е потребно да се изврши проценка).
Подетални информации за сите кредитни продукти и промотивната понуди на НЛБ Банка, клиентите можат да добијат на веб-страницата на Банката: www.nlb.mk или преку контакт-центарот, на телефонскиот број: 02/15 600.