ПОВЕЌЕ

    Известување за клиентите на КБ Прво пензиско друштво поврзано со Ковид-19

    Време зa читање: 2 минути

    КБ Прво пензиско друштво грижејќи се за своите вработени и клиентите, по објавување на мерки и активности за превенција од ширење на корона вирусот од страна на Владата на Република Северна Македонија, постапува по дадените препораки.


    Во услови на засилени мерки за превенција Ви препорачуваме:

    • Избегнувајте да се ракувате, блиски контакти, и долги состаноци во простории од затворен карактер. Одржувајте хигиенски мерки на високо ниво.
    • Друштвото и продажна мрежа се на располагање обезбедени со средства за дезинфекција.
    • Препорачуваме следните 14 дена да ги ограничите посетите освен ако се неопходни и во таа насока апелираме да ги користите нашите електронски сервиси, веб страна https://www.kbprvo.com.mk/, социјални медиуми https://www.facebook.com/kbprvo/ и контакт центарот на 02/32 43 772.
    • Нашите вработени, Ви стојат на располагање и може да не контактирате на тел. 02 /32 43 777, факс 02/ 3243 789, инфо број : 02 / 32 43 772 или да ни пишете маил на: [email protected]
    • Преку користење на порталот Моја сметка имате коплетен увид во состојбата на Вашите средства и доколку имате потреба од помош при логирање нашиот тим ќе Ви помогне.

    Здравјето на сите нас ни е на прво место!

    Нека грижата за нашето здравје и безбедноста започне од сите нас! Веруваме ќе наидеме на Ваше разбирање и поддршка во зачувување на јавното здравје и безбедност стои во известувањето.

    Со почит,

    КБ ПРВО пензиско друштво АД Скопје

    Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) www.mapas.mk тел. 02 3224 229

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично