Бидејќи индустријата за финансии ќе услужува пософистицирана генерација, јасно е дека партнерствата се главен дел за успешно возење на бранот на промени, без разлика дали станува збор за мултимилионска традиционална банка или стартап кој сака да донесе врвни резултати со примена на модерна технологија.
Да се дојде до следната еволуција на плаќањата со примена на крипто-валути, ќе бидат потребни повеќе стратешки партнерства. Но, што прават компаниите за да се осигурат дека партнерствата се вредни и остварливи? Стартапите и големите компании живеат во многу различен свет. „Тие вработуваат поинаку, и функционираат поинаку,“ истакна Сергуеи Нетсејн, професор по операции, информации и Вортон решенија.
Некои компании едноставно сакаат да заработат пари преку инвестирање во иновации. Тука најчесто се опфатени традиционалните, воспоставени играчи, кои се многу бавни во усвојувањето на нова технологија што претходно не била тестирана и усвоена од други организации. Стартапите го претставуваат спротивното. Нивната единствена предност е брзината и флексибилноста.
Битно е да се напомене дека поголемиот дел од глобалните компании имаат различни начини на партнерства со стартапи. Бидејки лидерството може да се промени, потребно е да постојат усогласувања за партнерствата слободно да функционираат.
Секој што некогаш се пријавил за хипотека знае дека станува збор за сложен процес кој одзема многу време. Големата кредитна компанија Фани Меј се здружи со ФинТек компанијата „Плаид“ за да се обиде да го поедностави веќе комплицираниот систем.
Во 2017 година, двете компании започнаа со автоматизирање на чекорот за верификација на средствата при процесирање на хипотека. Фани Меј е во можност да се поврзе со банкарските сметки на тие кои должат пари во реално време.
Тоа значи дека потенцијалните купувачи на домови повеќе не мора да поминуваат низ процесот на собирање на потребната документација, за да докажат дека имаат капитал неопходен за да си дозволат хипотека. Заемопримачот контролира кој има пристап до неговите податоци, и ги прегледува податоците пред да им се предадат на третата страна.
Ова е само еден пример како партнерствата помеѓу малите и големите играчи можат да создадат поголема вредност за крајниот потрошувач.