ПОВЕЌЕ

    ЗК Пелагонија АД Битола во добивка од 216.942 илјади денари до септември

    Време зa читање: 2 минути

    Согласно правилата за котација, а во согласност со објавените консолидирани финансиски извештаи за постигнатите резултати во пресметковниот период од 01.01.2021 до 30.09.2021 год. ја известуваме финансиската јавност за  следното:

    ЗК Пелагонија АД Битола во деловната 2021 година нема извршено никакви промени во сметководствените политики и методи на вреднување на позициите во финансиските извештаи во однос на последните финансиски извештаи.

    Во анализираниот  период на консолидираните финансиските извештаи од деловната 2021 година  остварени се оперативни приходи  во износ од  1.559.694 илјади денари. Истите бележат  зголемување  од  31 %  во однос на истиот пресметковен период од претходната деловна година.

    Во структурата на оперативните приходи  приходите од продажба  изнесуваат 1.085.386  илјади денари кои опфаќаат 69,58 % од вкупните оперативни приходи..  Приходите од продажба бележат намалување во однос на претходната година и истите се намалени  за  1 % или во апсолутен износ за  6.216 илјади денари.

    Останатите оперативни приходи опфаќаат износ од  436.082 илјади денари учествуваат со 27,95 % во вкупните оперативни приходи и истите бележат зголемување во однос на истиот период од претходната деловна година.

    Во третиот  квартал од деловната 2021 год. оперативните расходи опфаќаат износ од 1.184.860  илјади денари, намалени се за 10 % во однос на истиот период претходната година и истите се пониски во однос на оперативните приходи  за  износ од  374.834 илјади денари.

    Промената на вредноста на залихите во анализираниот период за тековната година како разлика помеѓу вредноста  на залихите на почетокот и на крајот на  првиот  квартал генирира  расходна  ставка во износ од  79.492  илјади денари и Друштвото оствари оперативна добивка  на износ од  295.342 илјади  денари.

    Во деловната 2021 година  нема исплата на дивиденда.

    Во пресметковниот период остварени се финансиски приходи на износ  од 728 илјади денари, што преставува намалување за 2.513 илјади денари  во  однос на истиот пресметковен  период од   минатата  деловна  година.

    Финансиските расходи изнесуваат 79.128 илјади денари и истите се  намалени за 8 % во однос на  истиот пресметковен период во претходната година кога изнесувале 85.718 илјади  денари.

    Според  изнесените показатели Групацијата ЗК Пелагонија  прикажа Позитивен   финансиски резултат на износ од  216.942 илјади денари.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично