ПОВЕЌЕ

    Зголемете ја продажбата со вашата нова Интернет продавница преку Е-commerce на Комерцијална Банка

    Време зa читање: 4 минути

    Кажете добредојде на целиот свет. Овозможете онлајн плаќања и направете ја вашата продавница достапна за секого.

    Со E-commerce услугата на Комерцијална банка овозможувате плаќање преку Интернет со картичка, со што станувате достапни за сите заинтересирани купувачи, од целиот свет и во секое време.

    Да се биде достапен на Интернет веќе не е прашање на избор, туку неопходност за секој бизнис.

    Зошто онлајн продажба?

    • Достапност за сите купувачи, 24/7/365
    • Зголемена продажба со помалку трошоци
    • Прифаќање на сите Mastercard и Visa картички, од која било банка, од која било земја во светот
    • Највисока безбедност на трансакциите
    • Целосна евиденција на сите трансакции
    • Комплетна поддршка од нашиот тим

    Предности на онлајн продажбата

    Станувате современ бизнис: Во денешно време потрошувачите очекуваат да добијат сѐ на Интернет, во секое време и од секое место. Доколку не сте достапни за онлајн продажба, пропуштате цел еден свет на прилики и ѝ допуштате голема предност на конкуренцијата. Интернетот како канал на продажба е во постојан, неверојатен пораст, бидејќи за клиентите е најбрз, наједноставен и најчесто најевтин начин на купување.

    Пониски трошоци: Во светот на Интернетот нема потреба од отворање и одржување класично продажно место: наем на простор, режиски трошоци, плати за повеќе вработени итн. Сѐ што ви треба веќе го имате во вашиот компјутер или мобилен уред.

    Неограничено работно време: Достапни сте за вашите купувачи 24 часа на ден, секој ден во годината. Тие одлучуваат кое време е најпогодно за купување.

    Зголемена продажба: Поголемот број потенцијални купувачи заради поголемата достапност на Интернет значи и зголемена продажба и приходи. Веќе не сте ограничени на една локација и еден пазар како кај физичката продавница.

    Поефикасно рекламирање: Со присутноста на Интернет, добивате можност за искористување на сите предности на ефикасна онлајн промоција на производите и услугите кои ги нудите. Facebook, Instagram, YouTube, Интернет банери, пораки на e-пошта… Изборот на канали за евтино рекламирање е бесконечен.

    Поголема флексибилност: Кај Интернет продавницата имате практично неограничени можности да експериментирате со нови понуди, различни пораки во рекламите, таргетирање на различни пазари и целни групи, достава до различни региони итн.

    Целосна контрола и евиденција: Добивате постојан и детален увид на сите трансакции направени преку вашата Интернет продавница. Со тоа, имате и подобри информации за вашиот бизнис и можете подобро да планирате.

    Дополнителни можности на услугата

    Покрај основните придобивки на онлајн продажбата, со E-commerce услугата на Комерцијална банка можете да ги добиете и следните надградени опции:

    • Card on file (зачувување на картичката) – со оваа услуга Банката овозможува безбедно чување на платежните податоците на купувачите, со што нивните повторни плаќања би биле побрзи и поедноставни за нив.
    • Recurring payments (повторувачки наплати) – плаќања кои се повторуваат на одредени предефинирани циклуси, погодни за наплата на месечни претплати, членарини и сл.
    • WooCommerce plugin –доколку интернет-страницата е изработена во wordpress и користи WooCommerce plugin за е-трговија, Банката без надомест го обезбедува истиот.
    • Можност за рефундирање/делумно рефундирање преку трговскиот профил кој ќе ви го обезбеди Банката.
    • Можност за прилагодување на дизајнот на редирект страницата каде што се внесуваат податоците при плаќањето.
    • Плаќање преку мобилни апликации.

    Повеќе детали за овие можности и надоместоците за истите може да добиете на [email protected].

    Највисока безбедност на трансакциите

    Е-commerce услугата на Комерцијална банка е во согласност со 3D 2.0 Secure технологијата, развиена од страна на меѓународните платежни системи Visa International и Mastercard Worldwide, односно ги има имплементирано Verified by Visa и Mastercard Secure Code.

    Трговецот ја креира својата Интернет продавница и соодветно решение преку кое се води купувачот низ процесот на нарачка, односно купување на производот/услугата. Во моментот на вршење на плаќање, купувачот се пренасочува на заштитена веб-страница на која се внесуваат сите податоци за картичката неопходни за вршење на плаќањето. По завршување на трансакцијата корисникот повторно се враќа на интернет-страницата на трговецот.

    Согласно ваквиот принцип на авторизирање, односно вршење трансакции, трговецот нема пристап до доверливите податоци за картичката, со што се заштитува од одговорност при потенцијални злоупотреби во случај на несоодветно архивирање.

    Добивање на услугата

    Овозможете онлајн плаќања и уште веднаш зголемете ги можностите за вашиот бизнис. За оваа услуга можат да аплицираат сите правни лица кои се регистрирани за вршење продажба во РСМ и имаат отворено сметка во Комерцијална банка АД Скопје, со доставување на Барање за е-commerce.

    По доставување на Барањето, Банката го контактира правното лице со цел завршување на постапката за овозможување на услугата.

    За сите дополнителни информации можете да ја контактирате службата во Комерцијална банка на [email protected].

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично