ПОВЕЌЕ

    ЗА ПРВ ПАТ ИСПЛАТЕНА ПЕНЗИЈА ОД 60.294 ДЕНАРИ: Колку пензионери ја земаа највисоката пензија?

    Време зa читање: 3 минути

    Фондот за пензиско и инвалидско осигурување ја објави најновата статистика за пензиите за месец март. Податоците покажуваат дека вкупниот број на пензионери во третиот месец од 2022 година изнесува 326 049  пензионери. Нивниот број од почетокот на годината односно од јануари кога изнесувал 326 841 се намалил за дури 792-ца пензионери. Просечната пензија во март изнесувала 16.380 денари. За прв пат во март е исплатена и највисока пензија досега во висина од 60.294 денари. Станува збор за новоформирана максимална пензија истата важи од први годинава, а решенијата се донесуваа од први март.

    Од вкупниот број на пензионери 325 054 добиле пензија врз основа на работно право, 927 се запишани како воени пензионери и 68 лица се корисници врз основа на земјоделско право. Најниска просечна пензија е земјоделската 8.484 денари, највисока воената од 23.692 денари. Просечната семејна пензија изнесува 13.078 денар, инвалидската 14.740 денари, старосната 17.680 денари.

    101.967 пензионери што е најбројна група (31.27%) земаат пензија над 18.001 денар

    Најголемиот дел од нив земаат пензија што спаѓа во највисоката квота или пак во најниската. Податоците говорат 101.967 пензионери, што е најбројна група (31.27%) земаат пензија над 18.001 денар. Втората по бројност е групата пензионери што земаат пензија до 11.500 денари и нивниот број изнесува 88.468 (27.13%). Не е за потценување ниту групата на пензионери што земаат од 11.501 денар до 14.000 денари. Нивниот број изнесува 66.317 (20.34%). И 69.297 пензионери (21.25%) земаат пензија помеѓу 14.001 и 18.000 денари.

    НАЈНИСКИ ПЕНЗИИ

    Најниските пензии се групирани во три групи во зависност во која година пензионерите заминале во пензија. Пензионерите од 1996 година земаат пензија од 12.576 денари до 13.172 денари. Нивниот број е 10 297.

    Бројот на пензионери од 1997 година изнесува 4.295. Нивните пензии се движат помеѓу 10.276 денари и 11.469 денари.

    Третата група на пензионери со најниски примања што заминала во пензија во 2002 е најбројна, 66 454-ца. Нивните пензии се движат од 10.791 денар до 12.042 денари.

    НАЈВИСОКИ ПЕНЗИИ

    За прв пат во март месец годинава е исплатена новоформираната максимална пензија од 60.294 денари. Бројот на пензионери кои може да се пофалат со највисоки пензии во земјава е 17 од нив една е семејна, а останатите оствариле старосна пензија.

    Остварено праводенариСемејна пензијаИнвалидска пензијаСтаросна пензијаВкупно
    Остварено право до 31.12.199644,778.00277483
    Остварено право од 01.01.199741,724.00712937
    Остварено право од 01.01.200243,465.003413827874
    Остварено право од 01.01.201654,623.00204143
    Остварено право од 01.01.201754,289.00114244
    Остварено право од 01.01.201854,156.00105051
    Остварено право од 01.01.201955,685.00404953
    Остварено право од 01.01.202056,582.00107677
    Остварено право од 01.01.202159,674.00416166
    Остварено право од 01.01.202260,294.00101617
    В К У П Н О57231,2651,345

    РАСТ НА ПЕНЗИИТЕ

    Вкупниот број на пензионери кои се вбројуваат во ковотата на максимални пензии изнесува 1.345 или во оваа група во март месец им се придружиле уште петорица пензионери за разлика од февруари.

    Максималните пензии се движат од 41.724 денари до 60.294 денари. Најголем дел од пензионерите со високи пензии или поточно 874-ца имаат пензии во висина од 43.465 денари.

    Редакција Пари

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично