ПОВЕЌЕ

    За да успее, на ФинТек му е потребна сериозна финансиска регулатива

    Време зa читање: 2 минути

    Во текот на последната деценија, сите сме сведоци на една голема трансформација во финансискиот сектор. Секој ден милиони корисници користат банкарски средства што им се достапни преку мобилните апликации.

    Со воведувањето на аналитиката на податоци и вештачката интелигенција во последниве години, стандардните финансиските услуги се нарушија. Бранот на ФинТек ветува финансиско вклучување на голема маса која претходно немала пристап до стандардни банкарски услуги и производи. Сите статистики укажуваат на фактот дека финансиската технологија ќе биде клучен катализатор за понатамошен просперитет и финансиска одговорност на секое модерно општество.

    Дури и со тековната дигитална трансформација, голем број на земји во развој сè уште не го постигнуваат својот потенцијал. Ова создава идеално сценарио за големото воведување на ФинТек во земјите во развој.

    Со оглед на тоа дека дури и во развиените земји, постојат луѓе од средната и високата класа кои сметаат дека нео-банките, и модерните ФинТек компании, не се предводени од доволно сериозни финансиски регулативи, и како резултат на тоа преферираат да ги користат услугите на стандардните банки.

    Спроведувањето на регулаторна рамка за ФинТек може да го поддржи понатамошниот развој и да создаде дигитализиран и стабилен финансиски систем, како и да го отвораат патот за поголема иновација и решенија за дигитално банкарство без истите да бидат во судир со постоечките закони.

    Воведувањето соодветни регулативи може да ја промовира транспарентноста и да ги зајакне механизмите за одбрана. Со тој процес би можело да се ублажуват ризиците од сајбер-напади и злоупотребата на приватни податоци. Затоа, важно е давателите на ФинТек услуги да работат заедно со владите, локалните регулатори, и постоечките воспоставени банки.

    Поради брзата стапка на иновации вклучена во тековниот пазар на ФинТек, регулаторната

    рамка треба да ја промовира безбедноста и ублажување на ризикот од сајбер-нападите. Успешното регулирање исто така ќе треба да биде специфично за производот или услугата која се дава од страна на финансиската компанија. Ако прописите не се доволно стабилни, и крајните корисници на ФинТек компаниите се изложени на ризици, во тој случај истите ќе ја изгубат довербата кај ФинТек компаниите и ќе имаат тенденции да останат „врзани” за традиционалните банки.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично