Невладината организација ЛинкАкрос продолжува и оваа година со програмата GrowBiz StartUp, за непосредна поддршка на претприемачи кои сакаат да започнат свој бизнис во Македонија.
Програмата почнува со бесплатен настан на 16ти и 17ти мај во Скопје на којшто бизнисмени од САД и Македонија ќе споделат на темата „Основи за успешен стартап бизнис.”
Говорниците од САД се Christian Pinkston, сопственик на реномирана фирма за комуникации во Вашингтон и Дејвид Харш, Strategic Account Director во Microsoft. Исто така, сопственици на локални бизниси ќе споделат совети од нивното искуство.
Настанот на 16ти и 17ти мај e првата фаза од вкупно четири фази во менторска програмa што трае една до две година. Претприемачите кои се примени во наредните фази на програмата добиваат тим на американски и локален бизнис ментори кои ќе ги водат низ процесот на развивање на нивнита бизнис идеја.
Оваа програма за прв пат започна минатата година, и преку неа повеќе од 20 претприемачи од Македонија и Албанија почнаа да ја развијат својата бизнис идеја со помош од менторските тимови.
Подетални информации за програмата и линк за регистрација за бесплатниот настан на 16ти и 17ти мај се достапни на веб страната https://growbiz.mk/mk/phase-one.
ЛинкАкрос е Американска невладина организација којашто активно поврзува и работи со локални и странски партнери на проекти за развој во Македонија од 2010 година.