
Минатата година под иницијативата „Растеме заедно“, Иуте Македонија го означи почетокот на едно од своите најзначајни еко-поглавја, со пошумување на детско игралиште во Општина Гази Баба и создавање зелена урбана зона која денес расте, се развива и ја облагородува заедницата.
Оваа година, приказната продолжува и се надградува.
Во партнерство со Општина Аеродром и нашите долгогодишни пријатели Man & Mountain, беше реализирана нова еко-иницијатива за садење дрвја и раззеленување на јавниот простор.

Ова е второ поглавје од нашата мисија за поврзување на општините и заедницата преку зелени иницијативи, како потврда на она што го започнавме и на тој начин, од локална иницијатива преминуваме кон долгорочна заложба за подобар, почист и поодржлив град.

Идејата е да се охрабрат практики кои го подобруваат квалитетот на живеењето, но и да се поттикне граѓанска свест за заштита на животната средина, верувајќи дека вистинските промени се градат постепено, со посветеност и континуитет.
Со садење на нови дрвја, не создаваме само зелена површина, туку наследство, град што дише и порака за идните генерации кои растат заедно со нас, како чувство на припадност, одговорност и заедништво.

Нашата цел е секоја следна генерација да го почувствува она што денес го создаваме со љубов, ентузијазам и заедничка иницијатива.

Оваа акција нека послужи како потсетник дека малите чекори, кога се прават заедно, оставаат големи траги.
Аналитика








