По неколку одлагања поради пандемијата, наградата за филантропија „ОКО“ за 2019 конечно е доделена. Горд добитник на ова признание во категоријата на мали компании е скопската фирма ЕЦОТИП. Меѓу повеќето досегашни донаторски активности, номинацијата и наградата се добиени за донацијата на 35 пречистувачи за воздух од марката BLUEAIR за две училишта од Кавадарци.
При примањето на наградата, генералниот менаџер г-дин Илија Андреевски рече дека споделувањето и помагањето на оние на кои им е потребно е дел од неговото животно убедување а сега филозофија на неговата компанија. Рече дека донаторските активности на ЕЦОТИП продолжуваат понатаму а дека единствена сатисфакција од сево ова би му била доколку поттикне и мотивира макар и една единствена компанија да го направи истиот чекор.
Наградите за филантропија ОКО се доделуваат во рамки на проектот SIGN Up for Impact (SUfI) кој го имплементираат членките на регионалната мрежа на локални фондации од Западен Балкан – SIGN, а финансиран од ЕУ, Балканскиот фонд за демократија, Балканската мрежа за развој на граѓанското општество и Шведската агенција за меѓународен развој.
ПР Објава