ПОВЕЌЕ

    ЕЦБ значително ги зголеми прогнозите за економски раст

    Време зa читање: < 1 минутa

    Европската централна банка значително ги зголеми изгледите за економски раст за 2021 и 2022 година, бидејќи се олабавуваат ограничувањата поради коронавирусот, а обновувањето на еврозоната зема се поголем замав.

    – Економијата во еврозоната сега се очекува да достигне пораст за 4,6 отсто оваа година и 4,7 отсто во 2022 година, во споредба со претходните прогнози од 4,0, односно 4,1 процент. Прогнозата за 2023 година останува непроменета при раст од 2,1 отсто, изјави гувернерката на ЕЦБ, Кристин Лагард, додавајќи дека обновувањето на внатрешната побарувачка, исто така, ќе се зголеми

    Банката моментно очекува потрошувачките цени да се зголемат за 1,9 проценти во 2021 година, а потоа да се намалат на 1,5 отсто во 2022 година и 1,4 проценти во 2023 година.

    Сепак, Лагард предупреди дека е „предвремено” да се започне со заострување на монетарната политика, велејќи дека е неопходна постојана поддршка за да се намали економската несигурност и покрај подобрите изгледи.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично