Промотивниот период за вложување без провизија е продолжен и ќе трае до среда, 20 септември. Оваа можност е одговор на големиот интерес и на барањата од инвеститорите, од страна на Кб Публикум Инвест АД Скопје, кој и годинава се приклучи кон “Инвеститорскиот ден”. Иницијатива за подигање на финансиската писменост и култура, која се одржува секој 13 септември, веќе четврта година по ред.
Промоцијата се однесува на вложувања во кој било фондови на КБ Публикум инвест, за сите еднократни уплати до еден милион денари.
Сопственици на удели можат да бидат домашни и странски инвеститори. Единствено ограничување е минималниот износ на почетното вложување, кој за сите фондови изнесува само 1.000 денари.
Удели може да се купат во следните фондови:
Отворен инвестициски фонд КБ ПУБЛИКУМ – ПАРИЧЕН
Овој фонд првенствено е наменет за вложувачи со инвестициски хоризонт на краток рок, односно до една година, и низок степен на толеранција кон ризикот. Порастот на вредноста на имотот кај овој фонд е бавен, континуиран, а осцилациите на вредноста, практично, не постојат.
КБ ПУБЛИКУМ – ПАРИЧЕН вложува во депозити на банки во државата, инструменти на пазарот на пари и должнички хартии од вредност од најбонитетни издавачи. Целта е да се заштити вложувањето од пазарните осцилации и да се осигура инстантна ликвидност придружена со стабилен принос.
Отворен инвестициски фонд КБ ПУБЛИКУМ – ОБВРЗНИЦИ
Овој фонд пред се е наменет за вложувачи со инвестициски хоризонт на среден рок, односно над една година, и низок до среден степен на толеранција кон ризикот. Порастот на вредноста на имотот кај овој фонд е побавен, континуиран, а осцилациите на вредноста најчесто се многу ниски.
КБ ПУБЛИКУМ – ОБВРЗНИЦИ вложува во депозити на банки во земјава, инструменти на пазарот на пари и во државни и корпоративни обврзници деноминирани во странски валути.
Отворен инвестициски фонд КБ ПУБЛИКУМ – БАЛАНСИРАН
Овој фонд е за вложувачи со инвестициски хоризонт на подолг рок, односно над две години, и умерен степен на толеранција кон ризикот.
КБ ПУБЛИКУМ – БАЛАНСИРАН по своите карактеристики претставува спој на вложувања во акции и во обврзници (50/50). Наменет е за инвеститори што сакаат да остварат повисок принос преку делот од вложените средства на фондот во акции, но истовремено и да обезбедат стабилност и сигурност на вложените средства во фондот преку вложувањата во долгорочни должнички хартии од вредност.
Отворен инвестициски фонд КБ ПУБЛИКУМ – МБИ 10
Овој фонд првенствено е наменет за вложувачи со инвестициски хоризонт на долг рок, односно над две-три години, и висок степен на толеранција кон ризикот.
КБ ПУБЛИКУМ – МБИ 10 има за цел реплицирање на македонскиот берзански индекс МБИ 10. Тоа значи дека најголемо учество во имотот на фондот имаат десетте најликвидни акции на Македонската берза и претставува показател на берзанските движења во државата.
Отворен инвестициски фонд КБ ПУБЛИКУМ – АКЦИИ
Овој фонд е за вложувачи со инвестициски хоризонт на долг рок, односно над две-три години, и висок степен на толеранција кон ризикот.
КБ ПУБЛИКУМ – АКЦИИ вложува исклучиво во акции на странски компании и има за цел да обезбеди широка диверзификација на вложувањата по земји, сектори и валути. Портфолиото на акциите во фондот е поделено на три различни географски региони и тоа САД, ЕУ и растечки пазари.
Отворен инвестициски фонд КБ ПУБЛИКУМ – ЗЛАТЕН
Овој фонд е наменет за вложувачи со инвестициски хоризонт на долг рок, односно над две-три години, и висок степен на толеранција кон ризикот.
КБ ПУБЛИКУМ – ЗЛАТЕН вложува во акции на странски компании кои се прозводители на злато и благородни метали и има за цел да обезбеди заштита од девалвација, инфлација или дефлација. Благородните метали и нивната употребна вредност имаат способност да ја задржат реалната вредност и можат да обезбедат висока заштита на вложувањата, особено во услови на зголемена економска неизвесност.
Начин на пристапување кон фондовите
Пристапувањето кон фондовите е брзо и лесно, се врши со пополнување Пристапница и Барање за купување удели во избраниот фонд.
Притоа, физичкото лице треба да се легитимира со важечки документ за лична идентификација, лична карта или пасош, а правно лице треба да достави веродостоен документ согласно законските прописи, односно Тековна состојба од Централниот регистар не постара од три месеци или друг документ од надлежен орган.
За повеќе информации заинтересираните можат да се јават на 02/320 44 90, да пишат на е-маил: [email protected] или со директна порака на социјалните мрежи.
Сега е време за мудри одлуки !