Деновите на електромобили се во тек и изложбата на ретки модели ексклузивно во ИСТ ГЕЈТ МОЛ предизвикува огромен интерес.
Овие денови во трговскиот центар посетителите имаа можност да ги погледнат електричните автомобили од познатите марки како Tesla, Alfa Romeo, Fiat, Porsche, Citroen, MG, Toyota, Volkswagen, Pocco, Seres и Opel како и првото електрично и автентично “фиќо”. Дополнително како аксесоари за електричните автомобили поставени се и полначи за електрични автомобили од Olympia Motors и SwedCharges, електрични машини за чистење од Green Machines и електрични мотори, велосипеди и мопеди од All electrics. А за дополнителен изглед и перформанс на автомобилите, од Motocentar се изложени гуми и фелни за автомобили.
На 15 октомври, сабота со почеток од 12 часот па сѐ до 14 часот во трговскиот центар, познатиот презентер и домаќин Марко Новески ќе ве запознае детално со електричните автомобили, нивното полнење, како функционираат plug-in хубридните возила и self-charging хибриди или самополнечките хибридни возила. Доколку сте љубители на технологијата на иднината, посетете нѐ и уживајте во несекојдневните модели кои ретко ги среќаваме на градските улици.
Се гледаме овој викенд во East Gate Mall.
Дел од моделите може да погледнете во галеријата: