ПОВЕЌЕ

    ЕВН Хоме денес ќе објави нов тендер со нови услови и со рок до 14 декември

    Време зa читање: 2 минути

    ЕВН Хоме уште денес ќе распишен нов тендер за набавка на елекрична енергија за домаќинствата откако и на четвртиот тендер АД ЕСМ не достави понуда до универзалниот снабдувач. Во тендерот ќе има нови услови како што бараше и АД ЕСМ. Ќе биде со рок до 14 декември и ќе се однесува за период од шест месеци.

    АД ЕСМ попладнево соопшти дека не доставиле понуда до универзалниот снабдувач ЕВН Хоме затоа што одлуката од Владата во однос на препорачаната цена и количините на струја била за шест месеци, а тендерот на ЕВН Хоме е за 12-месечен период.

    – Одлуката од Владата на Република Северна Македонија во однос на препорачаната цена и количини на електрична енергија со кои АД ЕСМ треба да се јави на тендерот на ЕВН Хоме за 2022г. се однесуваат на 6-месечен период, додека актуелниот тендер на ЕВН Хоме е распишан за 12-месечен период. Од тие причини, АД ЕСМ денеска не поднесе понуда, стои во соопштението од АД ЕСМ.

    Оттаму посочуваат дека ќе се јават на следниот тендер на универзалниот снабдувач кој треба да биде за периодот јануари-јуни 2022 година.

    Вчера, министерот за економија Крешник Бектеши изјави дека цената на струјата во следните шест месеци од 2022 година нема да се зголеми повеќе од 10 проценти.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично