ПОВЕЌЕ

    ЕВН Македонија доби награда за добри практики во областа „Безбедност и здравје при работа”

    Време зa читање: 2 минути

    ЕВН Македонија доби награда за добри практики во областа „Безбедност и здравје при работа во 2021 година”. Компанијата го освои првото место во категоријата „Административни дејности“ за успешното справување со Коронавирусот и заштитата на вработените во услови на пандемија, како и спроведување на хуманитарна акција за крводарителство.

    Наградени беа иницијативите на ЕВН за организирање на вакцинација за заинтересираните вработени, редовните антиген тестирања на невакцинираните вработени и вработените кои работат на клучни позиции за одржување на дистрибутивната мрежа на државно ниво. Наградена беше и крводарителската акција која се спроведе во просториите на ЕВН Македонија во соработка со Црвен крст.

    Доделувањето на наградите се организираше по повод Светскиот ден за безбедност и здравје при работа – 28ми Април. Награди добија најдобрите правни субјекти кои во 2021 година реално и стручно придонеле во сопствениот развој, инвестирајќи и имплеметирајќи добри практики во безбедни и здрави работни места. Организатор на овој настан е Министерството за труд и социјална политика, а наградите заеднички ги доделуваат Здружението за инженери за заштита „ТУТЕЛА’’– Скопје, Здружението за заштита при работа на општина Битола – Битола и Здружението за безбедност при работа „28ми Април” – Скопје.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично