Согласно известувањето во објавената Јавна понуда со број 2707 – 16439/1, од 31.03.2020, со ова дополнување на објавата известуваме за начинот на регулирање на обврските, за клиентите кои користат кредитно животно осигурување, со вклучена месечна пресметка во кредитите.
ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЈАВНА ПОНУДА СО БРОЈ 2707 – 16439/1, ОД 31.03.2020 ГОДИНА ЗА ОДЛОЖУВАЊЕ НА НАПЛАТАТА НА КРЕДИТНИТЕ ОБВРСКИ НА КЛИЕНТИТЕ НА ОХРИДСКА БАНКА ЗА ПЕРИОД ОД 6 МЕСЕЦИ
Согласно известувањето во објавената Јавна понуда со број 2707 – 16439/1, од 31.03.2020, со ова дополнување на објавата известуваме за начинот на регулирање на обврските, за клиентите кои користат кредитно животно осигурување, со вклучена месечна пресметка во кредитите:
· Се одложува наплатата на месечна премија за кредитно животно осигурување за период од 6 (шест) месеци, почнувајќи од 01.04.2020 година се до 30.09.2020 година;
· Клиентите кои користат кредитно животно осигурување ќе бидат осигурани и за време на периодот на одложување;
· На клиентите кои ќе ја прифатат понудата за одложување на кредитните обврски, а истовремено користат кредитно животно осигурување со месечна премија, за целото времетраење на одложувањето, ќе им се пресметува, но нема да се задолжува месечна премија. По истекот на периодот на одложување, пресметаната премија ќе биде договорно регулирана. Истовремено, сите обврски по кредитот (вклучувајќи ја и премијата) кои ќе бидат пресметани од 01.04.2020 до 30.09.2020 година, ќе може да бидат автоматски продолжени за дополнителни 6 месеци, без склучување на Анекс/Договор и ќе бидат правно валидни, согласно донесената Уредба.
Јавната понуда е наменета за клиентите на Банката – физички лица, кои користат кредитни производи и имаат кредитна изложеност во Банката со класификација, А, Б, В и немаат статус на нефункционална изложеност, заклучно со датум 29.02.2020 година.
Ова дополнување на понудата е неделиво од целокупната понуда за одложување на обврските по кредитни изложености на клиентите и важи до 10.04.2020.
Потсетуваме дека клиентите кои сакаат да продолжат со редовно сервисирање на своите обврски кон Банката, потребно е за тоа да ја известат Банката преку меил адресата креирана за оваа намена [email protected], најдоцна до 10.04.2020. Во спротивно ќе се смета дека истата ја прифаќаат. Клиентите кои ја прифаќаат понудата, не треба да ја известат Банката. На наведената меил адреса клиентите треба да ги достават следните податоци:
Име и Презиме
Датум на раѓање
Телефон за контакт
Адреса на живеење (од лична карта)
Доколку клиентите немаат можност електронски да достават информација дека не ја прифаќаат понудата, ќе биде потребно во рокот предвиден за известување да ја посетат најблиската експозитура на Банката за да дадат писмено известување дека не ја прифаќаат понудата
За сите прашања поврзани со Понудата, може да се обратите во контакт центарот на Охридска банка АД Скопје на (02) 15 050 или на меил адресата [email protected]