Традиционално, по повод Светскиот ден на штедењето, на 29-ти октомври, Македонската банкарска асоцијација во соработка со Фондот за осигурување на депозити, Министерството за финансии и НБРСМ, одржа свечена седница на која се доделија признанија на 33 најдобри банкарски службеници избрани од банките и штедилниците, членки на Асоцијацијата.
Оваа година ТТК Банка АД Скопје признанието за успешно работење и професионални достигнувања ѝ го додели на Кристина Пуловска – соработник во Одделот за човечки ресурси, организација и плати.
Честитки и многу успех во понатамошното работење!