Во рамки на првиот годишен Самит на Националната платформа за женско претприемништво беа доделени награди за најуспешна млада лидерка и за најдобра граѓанска организација.
Наградата за најуспешна млада лидерка ѝ е доделена на Флорина Џингова од M3DS Academy, а наградата за најдобра граѓанска организација – добра практика ја доби организацијата Центар за управување со промени и ја прими Јасна Пајковска.
Наградите им ги врачи Валентина Дисоска, претседателка на Националната платформа за женско претприемништво.
На втоириот ден од Самитот се одржаа панел-дискусија на тема „Програми и инструменти за финансирање на женското претприемништво“ и две работилници на теми „Финансиски менаџмент“ и „Обезбедување финансии/односи со инвеститори“.
Организаторите информираат дека дводневниот Самит за женско претприемништво 2021 заврши со сублимирање на најважните заклучоци кои даваат насоки за понатамошни активности на сите чинители вклучени во претприемништвото.