ПОВЕЌЕ

    Добитници на грант од четвртото издание „Сонуваме. Менуваме.“ – Стопанска банка АД Скопје

    Време зa читање: 3 минути

    Пред почетокот на првиот од 15-те инклузивни концерти на „Сонуваме. Менуваме.“ Стопанска банка АД – Скопје традиционално ги открива добитниците на грантови од асоцијациите на лица со посебни потреби кои Банката ги повика минатиот месец да испратат барања.

    Комисијата во Банката ги анализира барањата и прави селекција на истите согласно можностите со овие барања да се опфатат поголем број на деца, да се овозможи континуирана работа со нив преку нови едукативни или физиотерапетски методи како и да се овозможни нивна поголема слобода во движење и игра.

    Им благодариме на сите кои поднесоа барање за грант, имавме и оваа година прекрасни осмислени барања кои делумно или целосно ќе бидат поддржани со донациите.

    Во текот на годината Банката продолжува да соработува со асоцијациите, со лицата со посебни потреби и да ги поддржува преку дополнителни активности и модели на соработка со што придонесуваме да се поттикнува и одржува инклузијата не само за време на кампањата #СонувамеМенуваме туку во текот на целата година.

    Асоцијациите ќе ја продолжат комуникацијата со Банката за реализација на побараните грантови. Во продолжение е листата на 11те проекти кои ќе се реализираат од донациите од оваа година:

    1. ООУ „Кузман Јосифовски – Питу“ паралелка за деца со оштетен слух – набавка на училишен инвентар. Одобрен износ: 1.000 евра
    2. „Кочо Рацин“ Завод за рехабилитација на деца со оштетен слух, вид, говор, глас и други пречки во развојот, Битола – градежна реконструкција на занимална и тоалети за деца со посебни потреби од предучилишна возраст. Одобрен износ: 1.500 евра
    3. „Трисомија 21“ – Здружение на граѓани за помош и поддршка на лица со Даунов синдром – работа со логопед и дефектолог 2 пати неделно по 4 часа. Одобрен износ 1.500 евра
    4. „Ластовица“ Асоцијација за деца и младинци со посебни потреби – Набавка на смарт табла и проектор за поттикнување на развојот на говорот. Одобрен износ: 1.500 евра
    5. „Детелинка плус“ – Центар за поддршка на деца и млади со пречки во развојот, Битола – Ангажман на логопед и дефектолог за децата корисници на центарот. Одобрен износ: 1.500 евра
    6. „Доза среќа“ – здружение за рехабилитација и инклузија на лица со Даунов синдром – Ангажман на Александар Матовски – Цако како првиот дипломиран професор за предучилишна возраст со Даунов синдром за работа со деца со Даунов синдром од предшколска возраст. Одобрен износ: 1.500евра
    7. „Види ме“ – здружение на родители на деца со оштетен вид – Набавка на 3 тандем-велосипеди за рекреација на лицата со оштетен вид и Набавка на bone-conducting wireless слушалки. Одобрен износ: 1.200 евра
    8. „Сонце“ – Центар за инклузија, социјализација и работно оспособуање на лица со попреченост, Велес – социјализација со работилници за животни вештини, ликовна уметност, шиење, грнчарство, IT. Одобрен износ: 1.500 евра
    9. НВО “Пркос“ – НВО за грижа на лица со церебрална парализа – Обука за BOWEN метод на физикална терапија. Одобрен износ 1.600 евра
    10. „Имаго плус“ – здружение на граѓани за поттикнување на психосоцијалната свест – Набавка на квалитетни дидактички средства и книги за полесен и покреативен третман. Одобрен износ 1.500 евра
    11. „Димитар Влахов“ Државно училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид – набавка на звучни карти за користење на студио опремата во школото за снимање на аудио книги за децата со оштетен вид. Одобрен износ 800 евра
    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично