Комерцијална банка ги известува своите клиенти дека од денеска започна со издавање на обновените дебитни и кредитни картички кои се со рок на важност 11/2021. Клиентите ќе може да си ја подигнат картичката во експозитурата за комуникација што сами ја избрале, при што напоменуваме дека старата картичка можат да ја користат до крајот на овој месец.
Имајќи ги предвид околностите дека во ноември се обновуваат поголем број картички, споредено со останатите месеци, како и почитувањето на протоколите за заштита на здравјето на клиентите и на вработените од вирусот Covid-19, Комерцијална банка ги презеде сите потребни мерки за непречено и ефикасно задоволување на потребите на сите корисници на производите и услугите на банката. Во таа насока, Банката овозможи подигнување на картичките во девет експозитури во Скопје, како и во филијалите во другите градови низ државата, а се погрижи да се отвораат и дополнителни шалтери во експозитурите во кои има зголемен број клиенти.
Заштитата на здравјето и задоволувањето на потребите на клиентите остануваат врвни приоритети во работењето на Комерцијална банка. Во таа насока се и активностите на Банката наскоро да овозможи испраќање по пошта на обновените картички, за што клиентите ќе бидат дополнително известени.