ПОВЕЌЕ

    ОВА БЕШЕ АКТИВНА ГОДИНА ЗА АЛКАЛОИД: Вредни деловни резултати, капитални инвестиции и проширување на дејноста вон домашните граници ја одбележаа 2024, истакнува Мукаетов

    Време зa читање: 3 минути

    2024 година беше навистина активна година за Алкалоид, а и покрај сите предизвици со кои се носевме во текот на годината која изминува, „Алкалоид“ презентираше успешни резултати во работењето, рече генералниот директор на скопски „Алкалоид“, Живко Мукаетов, сумирајќи ја деловната година на компанијата во традиционалното новогодишно обраќање и истовремено посака среќни празници со добро здравје, среќа, успеси и повисоки достигнувања во следната година.

    “Во јануари Дениз Ричардс пиеше чај Good Nature. Во февруари го добивме нашиот прв меѓународен патент за лек со додадена вредност – течниот Омепразол. Во март го пуштивме во употреба нашиот голем капитален инвестициски проект Таблетно 2, вреден 19.400.000 евра“, нагласи Мукаетов.

    „Македонската берза во две илјади дваесет и четвртата година на АЛКАЛОИД му ги додели престижните награди – за Најтранспарентно котирано акционерско друштво, Акција на годината и Награда за добри ESG-практики“, истакна генералниот директор и додаде дека 2024 година означи триесет години од основањето на данскиот Конзулат, чие седиште е во просториите на компанијата.

    Се прошири и дејноста на компанијата вон домашните граници. Алкалоид регистрираше ново друштво во Казахстан, а инвестираше и во истражувачко-развојна компанија за развој на биослични лекови во Јужна Кореја.

    „Како компанија лидер во прифаќањето и имплементацијата на нови технологии во работењето, ќе останеме посветени на концептот за транспарентно и етичко работење, остварувајќи ги целите зацртани во нашата ESG-стратегија, насочени кон одговорно однесување спрема животната средина, заедницата и спрема луѓето пред сè“, рече Мукаетов.

    Тој се осврна и на проектите за општествена одговорност на „Алкалоид“, кои продолжија и во текот на две илјади дваесет и четвртата година, на импозантниот број од над четири илјади присутни на нашиот хуманитарен хепенинг, од каде собраните парични средства потоа беа донирани на организацијата СОС Детско село.

    „Алкалоид во моментов е компанија на над три илјади семејства и секој еден член на големото семејство алкалоидовци придонесува нашата успешна приказна да продолжи да расте и да се развива. А како потсетник за тоа од каде сме тргнале, каде сме денес и каде треба да се движиме во иднина е Музејот на „Алкалоид“, кој го отворивме годинава и кој содржи бројни драги спомени и значајни моменти од етапниот осумдесет и осум годишен развој на една успешна македонска приказна,“, рече генералниот директор на компанијата.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично