Вчеравечер во хотел Double Tree by Hilton-Скопје, се одржа Јубилејната манифестација „Избор на најуспешни жени менаџери“ организирана од агенцијата “Марили” на која беа врачени признанијата за најуспешните жени менаџери во Р.Северна Македонија. Меѓу нив е и Даниела Адемоска, Генерален Директор на Рамсторе Македонија.
Даниела Адемоска е повеќе од 20 години во менаџерството, како сопственик и извршен директор во повеќе компании меѓу кои и Рамсторе Македонија и хотелот Double Tree by Hilton- Скопје,управува со најразлични бизниси што и овозможи да се изгради во личност која успешно се справува со сите наметнати предизвици.
Според неа, “Добар менаџер е оној што мудро и без вишок емоции донесува одлуки и ги решава проблемите”.
За своето успешно меаџирање беше наградена и во 2019 та година .
–Лично не сакам поделби на мажи и жени менаџери, на мажи и жени извршни директори. За мене постојат успешни и помалку успешни лидери на еден тим,Сепак, поделбата на менаџерството, претприемаштвото и лидерството на машко и женско е реалност не само кај нас туку и во целиот свет. Затоа сметам дека поддршката меѓу жените во бизнисот треба да е составен дел од бизнис-културата и дополнителен поттик за кариерниот развој на секој поединец.
Според Даниела Адемоска, тајната на долгорочниот успех е дека” ако знаете што сакате, ќе најдете начин како да го остварите тоа”.
-Отсекогаш сум си поставувала високи цели до кои доаѓам со многу труд, учење и надградување. Мудроста и стабилноста во менаџирањето доаѓаат со годините што сте ги поминале во бизнисот, но сметам дека во текот на годините до перфекција ја усовршив способноста да го селектирам вистинскиот тим до мене врз кој може да се потпрам во секое време и во кој имам безгранична доверба.
Манифестацијата оваа година „Марили“им ја посветува на 25 жени менаџери претставнички на приватниот бизнис од различни области и дејности од целата држава од мали, средни, но и од големи компании, се со цел да се покаже дека жената менаџер е присутна во сите дејности и на сите нивоа и дека е длабоко втемелена во економскиот развој на државата. Најголем дел од овие компании во оваа и минатата година издвојуваа средства и ресурси за помош на здравствени установи и социјално загрозени граѓани, со што дадоа свој придонес за полесно надминување на последиците од пандемијата.