Аналитичарите и експертите велат дека ФинТек треба сеуште да се развива. Соединувањата и аквизициите ги трансформираа некои од најголемите учесници во индустријата за плаќања, кои се подготвуваат за голема борба за удел на пазарот со новодојденците. А регулаторите бараат да се каже повеќе како технолошките компании се впуштаат во финансиски услуги.
Во 2019 година Марк Цукерберг, ко-основачот на Фејсбук го бранеше планот на Фејсбук АД за ремонт на банкарскиот систем во светот пред Конгрес. Законодавците не беа импресионирани. Сепак, голем број на експерти сметаат дека има пред сè, многу повеќе владини контроли за сите играчи инволвирани на финансиска технологија. Тоа ги вклучува и Федералните резерви и Федералното осигурување на депозити. Компаниите ќе треба соодветно да ги прилагодат нивните стратегии.
Алисон Кларк, главен аналитичар, на Форестер кажа: „Регулаторите ќе започнат внимателно да ја разгледуваат примената на вештачката интелигенција (ВИ). Транспарентноста во ВИ е критична, а етиката е суштинска за постоење на еден регулаторен надзор”
Чајм, водечката американска дигитална банка, сега се проценува на 5,8 милијарди долари. Тоа ја прави повредна од некои од најголемите банки во земјата, вклучувајќи ја и Њујоркшката заедница Банкорп, од ЦИТ Групацијата ли Synovus Financial Corp.
Френк Ротман, основачки партнер на КЕД Инвеститори кажа: „Додека овие нео-банки сè уште не можат да одговараат со комплетен пакет на банкарски производи како што тоа може да го понуди една традиционална банка, тоа не е важно за типичниот потрошувач. Бидејки постојат голема група од стотиците производи што се во арсенал на една традиционална банка која не се користи.