Кога станува збор за претприемач, се поставува прашањето дали е тоа психолошки феномен? Или е нешто што постои кај секој и во одреден момент може да биде разбудено?
Секако, преземањето ризик, одлучност се дел од човековата ДНК. Сепак, да ја трансформираш инспирацијата во бизнис концепт е една работа, а концептот во вистински бизнис е сосема друга работа. Дали може да се научат карактеристиките на претприемач? Дали може да се научи како да се биде одлучен, детерминиран, полн со самодоверба?
Во врска со ова прашање- дали претприемачите се родени или може да се создадат- има поделени мислења, како и впрочем за се. Едно е сигурно. Можно е човекот да го научиш на претприемнички начин на мислење и сет од вештини, но една работа е да мотивираш некого, а друга работа е каква перцепција има тој за себе. Јасно е дека луѓето може да се научат како да идентификуваат нови бизнис можности, како да разликуваат добра идеја од добра шанса.
Во Македонија постоја поголем број на организации кои организираат секаков вид на обуки за претприемничко однесување, како да научите да ги финансирате вашите идеи, да ги подоборите вашите преговарачки вештини и сл. (за повеќе информации ќе иде линк од обуки). Но, страста која претприемачите треба да ја имаат кон својата идеја низ целиот процес на креирање нов бизнис не може да се предаде на ниедна обука. Тие треба да бидат заљубени во тоа што го работат. Исто така, дел кој не може да се научи е вербата во самиот себе. Верба дека можете да ја истерате вашата идеја до бизнис. Често ќе сретнеме луѓе кои имаат добра бизнис идеја, но немаат доволно доверба во самите себе. Најбитно во вакви моменти е да бидете опкружени со луѓе кои го делат вашиот ентузијазам и ја поддржуваат вашата идеја.
Извор: Entrepreneur.mk