ПОВЕЌЕ

    Грозданов: Ќе покажеме дека можеме поинаку, Кочани заслужува нов почеток

    Време зa читање: 2 минути

    Време е Кочани да се разбуди. Доста беа празни ветувања, доста беа милиони суми. Доста беше застој и разочарување, време е да веруваме во сопствените сили, во нашиот народ, во нашите луѓе. Кочани има големо срце, има вредни луѓе, има млади што сонуваат и сакаат да останат овде. Има земјоделци што работат и се што се борат. Има семејства што го заслужуваат најдоброто. Токму тие луѓе се мојата најголема мотивација.

    Почитувани,

    Јас не влегувам во трка за политика, туку за промена. За чисти улици и за уреден град, за нови работни места, за можности, за сите. За да изградиме Кочани во кое сакаме да живееме, и да останеме.

    Почитувани, јас како кандидат и овој тим позади мене ја има целосната поддршка од Владата на Република Македонија. Има тим со чесни луѓе, вредни и стручни. Ќе покажеме дека можеме поинаку, со работа, со одговорност, и со љубов кон градот.

    Верувам во вас, верувам во Кочани, верувам дека повторно ќе станеме пример.

    Ќе го изградиме градот, во достоинство и заедништво. Заедно можеме да го направиме тоа, да го подигнеме гласот за промената, да го подигнеме Кочани. Кочани заслужува повеќе, Кочани заслужува нов почеток.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично