Граѓаните се повеќе им веруваат на компаниите за брзи кредити. Наместо традиционалното ,,висење” по банкарските шалтери за да се зајми и најминимална сума, граѓаните се почесто како алтернатива ги избираат финансиските друштва за брзи кредити. Најчесто причината е брзо аплицирање, без посета на канцеларии, договорот се потпишува електронски, а парите веднаш легнуваат на сметка. Во минатото кога финтек индустријата уште не беше доволна развиена граѓаните раскажуваат дека за 1.000 евра кредит им требале куп документи по банките за да им ги одобрат. Сега, велат, е многу полесно кога имаат опција.
Но, не е во прашање само опцијата. Граѓани што не ги исполнуваат условите за кредит преку банки, може да се обратат до овие компаниии.
Без своја заштеда, во слична ситуација се нашла и студентката од Скопје, Моника која за ,,Пари” го раскажа нејзиното искуство. Бидејќи имала потреба од пари, а не ги исполнувала условите за да подигне кредит од традиционалните канали, решила да си ја проба среќата кај компаниите за брзи кредити. Се одлучила да конкурира во Credissimo.
-Се најдов во ситуација кога итно имав потреба од дополнителни финансии кои во моментот ги немав, млада сум и се уште немам некоја заштеда за вакви непредвидени ситуации. Имајки во предвид колку барања имаат традиционалните банки за подигнување на кредит и самата постапка која е покомплицирана и бара време кое јас го немав, се одлучив за прв пат да земам брз кредит. Реков ајде да видам што нудат, се уклучив на нивната апликација, многу едноставно веднаш аплицирав и парите буквално за многу кратко време ги имав на сметка. Моето икуство беше супер и во иднина имам лесно решение. Нас младите кои сме технолошки напредни, живееме со брзо темпо и сакаме брзо да ги решаваме работите, овој принцип е идеален, вели Моника.
Дека компаниите за брзи кредити се повеќе се во агендата на граѓаните потврдува и истражување за овој пазар кое беше спроведено оваа година. Граѓаните ја дадоа високата оценка 4 на скала до 5 за компаниите со брзи кредити.
Во истражувањето учествуваа 1 100 испитаници од сите географски региони во земјава. Истражувањето се состои од 50% корисници на брзи кредити и 50% луѓе коишто не користеле брзи кредити.
Она што може да се заклучи од анкетата на пазарот за брзи кредити е тоа што овој пазар е најмногу познат на граѓаните на возраст од 24 до 54 годишна возраст. Во оваа група влегуваат студенти, вработени, но зголемено е и присуството на невработените. Меѓу нив според завршеното образование има со средно и високо, со тоа што групата на магистри и доктори покажала склоност се почесто да ги користи брзите кредити во иднина. Според висината на месечните примања пазарот на брзи кредити е најинтересен за граѓаните чии примања се движат од 250 до 500 евра.
Испитаниците во истражувањето кај компаниите на брзи кредити највисоко ги оценуваат карактеристиките на услугите “брзината на одобрувањето”, „љубезноста на операторите“ и „имиџот на компанијата“. Граѓаните ја дале високата оценка 4 на петстепената скала. Колку што учесниците во анкетата биле помлади толку биле и покритични во однос на оценките на атрибутите на компаниите за брзи кредити, покажало истражувањето.
Она што треба се нагласи е дека околу 1/4 од анкетираните одговориле дека преферираат целосно онлајн услуга каква што е услугата на Credissimo. Околу 1/3 немаат никакви преференции, сепак карактеристично е тоа што се уште 1/3 од сите учесници во истражувањето преферираат услуга на лице место, односно во филијала.
Во однос на банките, помалку од половина од анкетираните одговориле дека банките носат некоја сигурност. И покрај тоа, една третина од сите испитаници кажале дека би зеле брз кредит, наместо кредит од банка. Речиси сите испитаници одговориле дека на своите пријатели би им препорачале да подигнат брз кредит.
Истражувањето на крајот заклучува дека пазарот на брзи кредити е жив и активен и дава еднаква можност за лидерска позиција на компаниите за брзи кредити. Довербата е на високо ниво, не се забележува презир кон овие компании дури и кај тие што не користат вакви кредити. Во одредени региони низ државава е забележано поголемо присуство на одредени компании за брзи кредити.