Шпаркасе Банка известува согласност со член 158 од Законот за хартии од вредност, Шпаркасе Банка АД Скопје, како Акционерско друштво со посебни обврски за известување, го доставува следново тековно соопштение за спроведени промени во органите на Банката:
По добивање на согласност од Гувернерот на Народната банка на Република Македонија, г-дин Горан Петревски е нов независен член на Надзорниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје со мандат до 16.11.2024 година.
Новоименуваниот член ќе го замени независниот член на Надзорниот одбор, г-ѓа Сузана Ставриќ, која поднесе оставка од функцијата.
Надзорниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје сега го сочинуваат:
- Д-р Георг Бухер – претседател
- Валбурга Зајдл – заменик претседател
- Славиша Којиќ – член
- Ханс Лудвиг Диксер – член
- Кристијан Поленак – независен член
- Горан Петревски – независен член
Подетални информации можат да се најдат на интернет страната на Банката www.sparkasse.mk