ПОВЕЌЕ

    Голдман Сакс ќе бара бустер доза за своите вработени во САД?

    Време зa читање: 2 минути

    Американската банка Голдман Сакс ќе бара од американските службеници да добијат бустер доза од вакцината. Ова барање ќе биде воведено од февруари 2022 година.

    Оттогаш, секој што има право да добие бустер доза ќе мора да има добиено за да влезе во канцелариите на Голдман. Веќе во јануари ќе се воведе услов вработените да се тестираат двапати неделно за КОВИД, изјави портпаролот на банката, цитиран од Ројтерс.

    Новите политики на Голдман Сакс им беа објавени на вработените во понеделникот (27-ми декември).

    Неколку банки и инвестициски фирми од Вол Стрит ги откажаа празничните собири и им дозволија на вработените да работат од дома до крајот на годината како одговор на брзо растечката верзија на Омикрон.

    Пред божиќните празници, Citigroup Inc и Bank of America Corp им рекоа на вработените во областа Њујорк каде што се зголемуваат случаите на КОВИД да работат од дома, а Wells Fargo & Co го одложи враќањето во канцелариита до 10 јануари.

    Голдман Сакс беше меѓу банките на Волстрит кои побараа враќање на канцеларискиот персонал. Од август, банката бара вакцини за сите вработени и посетители кои влегуваат во нејзините канцеларии во Соединетите држави, а персоналот мора да се тестира на лице место за КОВИД еднаш неделно.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично