ПОВЕЌЕ

    Годинава преку платформата ДеФи украдени 10,5 милијарди долари

    Време зa читање: 2 минути

    Инвеститорите ширум светот годинава загубија повеќе од 10 милијарди долари средства, кои беа украдени од т.н. децентрализирани финансии (DeFi), кое ги имитира традиционалните финансиски услуги со користење на блокчејн технологија, според извештајот на лондонската фирма Elliptic.

    Платформите DeFi често се нарекуваат „Дивиот Запад“ за криптовалути. На клиентите често им се ветува огромен поврат на инвестицијата, исклучувајки било каков посредник за трансакции како што се, на пример, банките. Штедењето и кредитните производи со високи каматни стапки се вообичаена глетка во тој простор, пренесува CNBC.

    Како што се очекуваше со индустријата во зародиш, како што е крипто-сферата, DeFi платформите не се регулирани. Ова е она со што регулаторите веќе некое време се обидуваат да се справат поради серија хакерски кражби и измами.

    Вкупните загуби предизвикани од употребата на DeFi изнесуваа 12 милијарди долари досега во 2021 година, според Elliptic, компанија која го следи движењето на средствата на дигиталните сметководствени сметки за крипто трансакции.

    Од таа сума, 10,5 милијарди долари се однесуваат на измами и кражби, што е седум пати повеќе од лани.

    „DeFi екосистемот е неверојатно возбудлив и исклучително динамичен простор, во кој иновациите на финансиските услуги се одвиваат со брзина на светлината. Привлекува големи количини капитал за проекти кои не се секогаш робусни или добро тестирани. „Криминалните актери видоа можност да го искористат тоа“, вели Том Робинсон, водечки научник во Elliptic.

    Во текот на изминатите две години, вкупниот износ на пари депонирани на услугите на DeFi се зголеми од само 500 милиони долари на 247 милијарди долари.

    За тоа придонесе растот на цените на биткоинот и другите криптовалути оваа година. Етериум, мрежа која стои зад втората по големина дигитална монета во светот, се смета за рбет на многу DeFi апликации , пишува CNBC.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично