Габриел Фелбермајер, претседател на германскиот институт за светска економија, очекува дека пандемијата на коронавирусот ќе предизвика рецесија која ќе биде „мајка на сите рецесии“.
Тој за економскиот весник „Ханделсблат“ рече дека кризата со коронавирусот ќе предизвика сериозна рецесија во германската економија.
„Се плашам дека оваа рецесија може да биде мајка на сите рецесии“, предупреди тој.
Доколку економската активност во Германија се преполови за еден месец, државата ќе ја чини четири проценти од економскиот раст на годишно ниво, а во случај на два месеци, ќе чини осум проценти од растот, објасни Фелбермајр.
„Гранична грешка“
Нешто такво, смета тој, досега не е видено во мировната доба.
Влезните контроли на границите, Фелбермајер ги смета за грешка.
„Со месеци се стравува дека испораките на производи од Кина кои се важни за производство во Германија може да недостасуваат, заборавајќи дека Кина испорачува само десет проценти од ваквите производи и повеќе од половина доаѓаат од други земји на Европската унија“, рече германскиот експерт.