ПОВЕЌЕ

    Генерали Инвестментс: Се ближи крајот на годината – тргувањето полека се стишува

    Време зa читање: 7 минути

    Портфолио менаџерите во Генерали Инвестментс составија резиме за тековните случувања кои влијаат врз пазарот на капитал и актуелни совети за инвеститорите.

    Пазарите на капитал продолжуваат да остваруваат благи добивки, амортизирајќи ги загубите на инвеститорите оваа година

    На преминот кон празничниот декември, глобалните пазари на акции продолжија да остваруваат благи добивки, амортизирајќи ги загубите на инвеститорите оваа година. Во октомври и ноември, по повеќе од една година, глобалните индекси сврзаа два последователни месеци со позитивни приноси, а конкретно, во последниот период закрепна и пазарот на обврзници. Изминатата недела имаше мирен почеток во пресрет на говорот на гувернерот на Федералните резерви и економските податоци кои треба да се објават во втората половина на неделата. Голем дел од берзанските индекси забележаа раст по говорот на гувернерот Пауел. Крајот на минатата недела атмосферата малку ја расипаа податоците од американскиот пазар на труд, бидејќи вработувањата во ноември биле помали од очекуваните, а стапката на невработеност останува многу ниска (3,7%). Накратко, пазарот на труд останува многу силен и отпорен на зголемувањето на каматните стапки. Податоците не потсетуваат дека инвеститорите може да бидат сигурни дека доаѓа пресврт или крај на зголемувањето на каматните стапки во првата половина на следната година. Ниската невработеност им остава простор на централните банкари да инсистираат на заострување на монетарната политика доколку инфлацијата не стивне.

    Темпото на зголемување на каматните стапки повеќе нема да биде толку остро

    Гувернерот на Банката на федерални резерви, исто така, предупреди дека не е сосема јасно до кое ниво ќе треба да се зголемат каматните стапки, но наместо неизвесност во однос на нивото на камата на крајот од циклусот на затегнување, инвеститорите се фокусираа на предвидувањата дека стапката на зголемување нема да биде зголемена на следниот состанок толку остро. По четири последователни зголемувања на основната каматна стапка од 0,75%, може да очекуваме зголемување од „само“ 0,5% во декември. Клучното прашање што ќе ги диктира движењата на берзите во блиска иднина е како ФЕД ќе постапи следнава година. Пазарите во моментов се потпираат на прилично оптимистичко сценарио дека каматните стапки ќе го достигнат врвот во мај следната година, околу ниво од 5%, а потоа се очекува ФЕД да ги намали каматните стапки за 0,5% до крајот на 2023 година. Како резултат на тоа, ослабна и доларот, кој моментално е во опсег од нешто под 1,05 долари за евро. Веројатно може да се очекува малку послаб долар во наредните недели и се чини дека нивото помеѓу 1,05 и 1,10 би одговарало и на Европа и на САД.

    Олеснување на Ковид мерките во Кина

    Се чини дека кинеската комунистичка партија попушти под притисокот на народот, а градските власти во сѐ повеќе делови од земјата ги олабавија мерките за коронавирусот во последните денови и покрај фактот што бројот на нови инфекции достигна рекорди. Сето тоа стави ветер во едра на кинеските берзански индекси, кои од почетокот на минатата недела пораснаа за повеќе од 5%.

    Поставено ограничување на цената на руската нафта

    ЕУ, земјите од групата Г7 и Австралија се договорија да постават ограничување на цената на руската нафта од 60 долари за барел. Според оценката на самитот на ЕУ, ова е вистинска цена за да се направи екстракцијата на нафта исплатлива за Русите. Ако лимитот е поставено толку ниско така што цената на екстракција доаѓа повисока од приходот и Русија одлучи да не црпи повеќе нафта, пазарните цени природно би се зголемиле, што ќе биде удар во колена. Кина, најголемиот увозник на нафта, сè уште не се изјаснила за спроведување на ограничувањето, но јасно е дека Индија нема да го земе во предвид. И двете споменати земји ја користат ситуацијата со руската нафта и веќе купуваат по многу пониска цена од пазарната.

    Цената на гасот на холандскиот TTF останува многу повисока отколку пред рускиот напад врз Украина

    Оваа недела лидерите на ЕУ ќе започнат преговори за поставување ограничувањa на цените на плинот. И покрај фактот дека температурите низ Европа се спуштија блиску до долгорочните просеци во последните недели, потрошувачката на природен гас во земјите-членки на ЕУ во ноември падна за речиси една четвртина во споредба со претходните пет години. Сепак, цената на гасот на холандскиот TTF, кој е референтна платформа за тргување со гас во Европа, останува многу повисока отколку пред рускиот напад врз Украина. Цената за мегават час природен гас е 135 евра, за споредба – во истиот период од 2017 до 2021 година била меѓу 15 и 25 евра, а во август годинава достигнала рекордни 300 евра за мегават час. Бидејќи во 2021 година околу 20% од електричната енергија во ЕУ се произведуваше од природен гас, европските земји сега треба да се потпрат во поголема мера на други извори кои се поиспарливи (ветер, сонце, вода) и понечисти (јаглен). Политичката поддршка за нуклеарната енергија се зголемува, но зголемувањето на производството на нуклеарна енергија бара скапи инвестиции, а изградбата на нуклеарни централи трае неколку години. Затоа нема брзи решенија.

    СОВЕТИ ЗА ИНВЕСТИТОРИ

    Се ближи крајот на годината, а тргувањата полека се стишуваат. Следи уште еден состанок на ЕЦБ и ФЕД во декември, но не очекуваме големи пресврти. Макроекономските податоци, со исклучок на инфлацијата, не се подобруваат, но бидејќи пазарот на трудот останува многу силен, шпекулациите за идната монетарна политика и понатаму се многу широки. Остриот скок на берзите во изминатата недела покажува дека има многу слободни пари кои го чекаат таканареченото „дно“ на берзите. Од друга страна, се чини дека ваквиот раст е исцрпен и за нагорни корекции ќе бидат потребни различни, нови и пред се пооптимистички информации. Можни се и надолни движења, бидејќи инвеститорите ќе бидат соочени пред крајот на годината со избор да ги капитализираат дел од краткорочните добивки пред крајот на годината. Во вакво опкружување, кога централните банки остануваат централен играч на пазарите на капитал и нивната комуникација останува доста непредвидлива, а од друга страна силниот раст на пазарите во последните недели, се укажува на потреба од зголемена внимателност и поконзервативен пристап во првите недели од новата година. Со оглед на сите предизвици и очекувани промени, акциите повеќе не се евтини, но одредени сегменти на пазарот се уште нудат можности, бидејќи иднината или очекувањата на инвеститорите за тоа како треба да изгледа истата може многу брзо да се променат. Препорачуваме да се задржи долгорочен пристап со периодични зголемувања на инвестициите, што се покажа како добар одговор и најдобар резултат во услови на поголема нестабилност. Диверзификацијата на портфолиото останува клучен двигател. Комбинација од акциски фондови како што се Генерали Топ Брендови, Генерали НОВА ЕУ и паричниот фонд  Генерали Кеш Депозит, ги нуди најдобрите решенија за сложениот коктел на актуелната политичка ситуација и економското опкружување. Тоа исто така носи одредени можности. Оние кои имаат поголема позиција во технологијата или одредени други сегменти во нивното портфолио можат да го искористат овој пораст за да ги реконструираат своите портфолија. Генерали БРИК сепак, останува многу шпекулативна инвестиција, бидејќи кинеската држава редовно и често ја менува сликата за иднината што ја предвидуваат инвеститорите, што со себе носи силни флуктуации. Времињата се непредвидливи и ќе се појават можности.  Последниот пораст покажува дека пазарот е непредвидлив и дека се потребни постепени и методички чекори во прилагодувањето на инвестициското портфолио, бидејќи чекањето на оптимален момент води до можност за пропуштање на силни скокови. Порастот не значи дека кризата е завршена и дека не е можно ново дно. Тоа само покажува дека да се биде премногу самоуверен во една приказна и како резултат на тоа да се има неизбалансирано портфолио може да биде опасно.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично