Остварените единечни вкупни приходи на ГД Гранит во периодот Јануари – Јуни 2022 година изнесуваат 1,933,343 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период 2021 година бележат намалување за 4%.
Приходите од продажба за периодот Јануари – Јуни 2022 година изнесуваат 1,765,761 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период 2021 година бележат намалување за 8%.
Финансиските приходи за периодот Јануари – Јуни 2022 година изнесуваат 73,569 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период 2021 година бележат зголемување за 1405%, пред се ако резултат на наплатена дивиденда во текот на 2 квартал од 2022 за разлика од претходната година.
Остварените единечни вкупни расходи во периодот Јануари – Јуни 2022 година се во износ од 1,868,288 илјади денари, споредено со истиот период 2021 година бележат намалување за 4%.
Во рамките на оперативните расходи, трошоците за материјали и суровини бележат зголемување за 12% во однос на минатата година, пред се како резултат на зголемување на пазарните цени на одредени клучни материјали и соровини за изградба (нафта, цемент, железо, електрична енергија и др).
Трошоците за вработени се зголемени за 2% во однос на минатата година, додека останатите трошоци од работењето се намалени за 33%.
Трошоците за услуги се намалени во однос на претходната година за 15%.
Во периодот Јануари – Јуни 2022 година, Друштвото оствари позитивен резултат (добивка) во износ од 65,055 илјади денари, додека вкупната сеопфатна добивка изнесува 75,288 илјади денари, и е поголема од добивката пред се поради останатата сеопфатна добивка во износ од 10,233 илјади денари која произлегува како резултат на евидентирана нереализирана добивка од зголемување на пазарната вредност на портфолиото акции кои ги поседува Друштвото во првата половина на 2022 година.