ПОВЕЌЕ

    Галуп: На секој втор човек во светот му се намалени приходите поради пандемијата

    Време зa читање: 2 минути

    На секое второ лице во светот му се намалиле приходите поради пандемијата на коронавирусот, а луѓето во сиромашните земји се особено погодени со загуба на работното место и скратување на работното време, покажа истражувањето на Галуп.

    Пандемијата со ковид-19 удри по џебовите на граѓаните ширум светот.. Според истражувањата на реномираната американска компанија Галуп, се забележува пад на приходите кај секој втор човек, а најпогодени се сиромашните земји каде е забележано масовно отпуштање на работници и кратење на нивното работно време.

    „На светско ниво, процентот на лица варира од највисоки 76% во Тајланд до најниски 10% во Швајцарија, во земји како Боливија, Мјанмар, Кенија и Уганда, повеќе од 70% од испитаниците одговорија дека заработуваат помалку од пред почетокот на пандемијата.

    Дополнително во истражувањето се наведува дека пандемијата особено ги погодила жените кои главно биле вработени во ниско платени сектори како малопродажба, туризам, текстилна индустрија и услуги за храна. За разлика од сиромашните, во високо развиените земји негативниот тренд на губење на работни позиции е помалку изразен, односно секој 10ти човек се изјаснил дека во текот на пандемијата привремено биле отпуштени или се соочиле со намален приход.

    „Во 57 земји, вклучувајќи ги Индија, Зимбабве, Филипини и Кенија, повеќе од 65% од испитаниците изјавија дека престанале да работат некое време поради пандемијата. За разлика од нив, најмалку луѓе престанаа да работат во развиените земји со високи примања, па така секој 10ти човек во Австрија, Швајцарија и Германија привремено престанал да работи.

    Во истражувањето учествувале 300,000 лица од 117 држави во светот, а според истото околу 1.6 милијарди возрасни лица биле директно погодени од пандемијата со ковид-19.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично