ПОВЕЌЕ

    ВФП Фонд Менаџмент објавува оглас за ФИНАНСИСКИ АНАЛИТИЧАР

    Време зa читање: 2 минути

    Друштво за управување со отворени и затворени инвестициски фондови, дел од групацијата за финансиско советување WVP Group од Грац, Австрија, е лидер на пазарот во Македонија по средства под управување (90+ милиони евра) и повеќе од 6.700 инвеститори во инвестициските фондови и услугата управување со средства на индивидуални клиенти (Wealth Management). ВФП Фонд Менаџмент е прво друштво за управување со отворени и затворени инвестициски фондови кое од оваа година влегува и во бизнисот со управување со доброволни пензиски фондови преку регистрирање на четвртиот доброволен пензиски фонд на пазарот, ВФП отворен доброволен пензиски фонд – Скопје.

    Во согласност со стратегија за забрзан и континуиран раст и обезбедување на најквалитетни услуги на своите инвеститори, ВФП Фонд Менаџмент претставува одлична средина за нови, високо мотивирани и талентирани кадри кои имаат амбиции перспективно да се развиваат во делот на портфолио менаџмент и анализа на пазарите на капитал.

    Вработувањето во ВФП Фонд Менаџмент значи да се биде дел од динамична атмосфера, можност за соработка со амбициозен тим на портфолио менаџери, можност за стручно усовршување и личен развој под менторство на искусниот тим на Друштвото.

    ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА: ФИНАНСИСКИ АНАЛИТИЧАР

    Потребни квалификации, искуство и образование:

    • Високо образование (Кандидати дипломирани на департман Финансиски менаџмент со афинитети кон математика/статистика ќе имаат предност пред останатите);
    • Високи аналитички и организациски способности;
    • Основни компјутерски вештини (MS Office пакетот);
    • Претходно работно искуство не задолжително;
    • Одговорност, посветеност, самоиницијативност.

    Што нудиме:

    • Динамична, пријатна и тимска работна атмосфера;
    • Можност за стручно усовршување и личен развој;
    • Можност за продлабочување на знаењето преку полагање на меѓународни лиценци во областа на финансиите;
    • Компетитивна почетна плата.

    Работни задачи и одговорности:

    • Анализирање на хартии од вредност кои котираат на берза, пазари на капитал, макроекономски индикатори;
    • Изработка на периодични извештаи за работатa на портфолијата;
    • Учество во предлагање на нови, пооптимизирани процеси на работа;
    • Следење на перформансот на портфолијата и инвестициските ризици;
    • Редовна комуникација со трети лица.

    ЗА БРЗО АПЛИЦИРАЊЕ [ ТУКА ]

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично