ПОВЕЌЕ

    Втора хуманитарна акција на Кристијан Станковски – Бомбакис

    Време зa читање: 2 минути

    Спроведувањето на хуманитарната акција #ИЈасСумДете стана традиција за популарниот македонски инфлуенсер.

    Хуманитарната акција #ИЈасСумДете за првпат беше организирана од Бомбакис минатата година. Оваа година тој продолжи да ја негува традицијата и повторно ја организираше новогодишната акција со цел да ги израдува децата од ранлива категорија со новогодишно пакетче.

    Пред извесно време, Бомбакис испрати повик до сите компании што сакаат да бидат хумани, да се вклучат во акцијата и да го дадат својот придонес за да бидат израдувани што повеќе дечиња кои сега, во периодот пред новогодишните празници, навистина имаат голема потреба од тоа.

    Финтек компанијата Credissimo, која веќе ја знаеме како општествено одговорна компанија, повторно докажа дека е секогаш отворена за соработка прифаќајќи ја поканата за учество во проектот и донирајќи 150 новогодишни пакетчиња на деца од ранлива категорија.

    Оваа компанија нека послужи како пример и мотив во хуманитарната акција на Бомбакис #ИЈасСумДете да се вклучат и други компании, да направат хумано дело со кое ќе измамат повеќе искрени детски насмевки и огромна радост во детските срца. И тие деца навистина имаат потреба да ја почувствуваат празничната магија.

    Собраните пакетчиња од сите компании ќе бидат поделени низ целата држава.

    По повод доделувањето на пакетчињата, планирани се два настана во Скопје – едниот на 19.12.2021 г. во населба Аеродром и другиот на 26.12.2021 г. на плоштад Македонија.

    ПР Објава

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично