Од вчера започна исплатата на мартовските пензии. Владата ги задолжи банките исплата да ја организираат во четири групи. Пензионерите кои земаат најниска пензија земат вчера први, оние со највисоки се во последната група и тие ќе земат во четврток.
Денеска исплата се врши на втората група, односно на пензионерите со пензии од 11.001 до 14.000 денари.
Банките готовинската исплата на пензии ја организираа во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата:
– За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 29.03.2021 година (понеделник);
– За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 30.03.2021 година (вторник);
– За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 31.03.2021 година (среда); и
– За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 01.04.2021 година (четврток).