Со дарување крв од десетици вработени во Комерцијална банка успешно заврши и последната редовна крводарителска акција организирана во Банката. Со овој хуман гест, кој традиционално го практикуваат голем број вработени во Комерцијална банка, тие даваат придонес во спасувањето човечки животи и во промовирање и поттикнување на доброволното дарување крв.
Помеѓу вработените има и вистински рекордери, кои 70-80 пати досега имаат дарувано крв, па заслужено имаат добиено и златна и сребрена плакета. Комерцијална банка и Заводот за трансфузиологија им се заблагодаруваат на хуманоста. Веруваме дека и во иднина крводарителските акции ќе ја остварат својата цел и ќе инспирираат и други организации и индивидуалци да се приклучат со дарување крв.