ПОВЕЌЕ

    Во нетрговските трансфери акции од осум друштва, најбројни на „Македонски телеком“

    Време зa читање: < 1 минутa

    Статистиката на Централниот депозитар за хартии од вредност забележала 1.263 акции во нетрговските трансфери реализирани минатата недела. Двојно повеќе во споредба со седмицата пред тоа. Подарени се или наследени акции издадени од осум друштва.

    Активности од овој вид се забележани во текот на три работни дена. Во вторникот е извршен нетрговски пренос на сопственоста кај вкупно 257 акции. Меѓу нив се 147 обични акции на Комерцијална банка и 90 на „Раде Кончар – Апаратна техника“. Исто како и по 10 обични акции од тетовскиот „Тетекс“ и од кавадаречката ВВ „Тиквеш“.

    Во минатонеделните нетрговски трансфери се евидентирани и 423 обични акции на „Алкалоид“. Од „Тутунски комбинат“ АД Прилеп – 123, а од „Славеј“ АД Скопје – 30 обични акции. Сѐ на сѐ во средата имало на 576 хартии од вредност.

    А, пак, според податоците објавени на Македонска берза, на последниот работен ден се регистрирани само акциите од „Македонски телеком“, 430 на број.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично