ПОВЕЌЕ

    Во Маврово во организација на Халкбанк, на 8 септември повторно ќе се одржи велосипедската трка Halk Velo Green

    Време зa читање: 3 минути

    Правецот  Бистра – Леуново – Бистра во Маврово и годинава ќе биде рутата која ќе треба да се извози во рамките на хронометар велосипедската трка HALK VELO GREEN која веќе трета година по ред, на 8 септември ја организира Халкбанк АД Скопје како дел од платформата HalkEco. Сите вљубеници во велосипедизмот, професионалци и аматери, за учество можат да се пријават најдоцна до 29 август преку www.smartrace.club.

    Учесниците во трката и годинава ќе се натпреваруваат во категориите ПРО, ХОБИ и ПРО Кидс и тоа во машка и во женска конкуренција, во зависност од степенот на подготвеност на секој натпреварувач. Категоријата ПРО во принцип е предвидена за сите оние кои се членови на клубови во Велосипедската федерација на Македонија (ВФМ), но и за оние кои се чувствуваат подготвени да се натпреваруваат со овие велосипедисти. Категоријата ХОБИ е наменета за велосипедистите кои рекреативно се занимаваат со овој спорт. И за двете категории рутата е во должина од 22 километри. Во ПРО Кидс ќе се натпреваруваат млади од 13 до 17 години и деца од 6 до 12 години. За првите три најдобри велосипедисти во сите категории Халкбанк ќе обезбеди вредни награди.

    Настанот освен спортски ќе има и забавен карактер, а за убавата атмосфера ќе се погрижат водителот Викса и DJ Goce Saf. За анимирање на најмалите ќе бидат „задолжени“ Халки и Ефектива.

    Велосипедската трка Halk Velo Green е во знакот на тенденцијата на Халкбанк да промовира здрави животни навики кај населението и да придонесува кон зачувување на животната средина, за што сведочи и апликацијата HalkEco (www.halkeco.mk) чиј главен поддржувач е MasterCard. Со апликацијата банката го охрабрува секој корисник да биде физички поактивен, еко свесен и да ја мотивира заедницата со своите секојдневни здрави навики. Со користењето на апликацијата при вршење на активност како трчање, пешачење или возење велосипед, корисникот добива HalkCoins и освојува различни нивоа кои му носат низа подароци и финансиски бенефиции, со крајна цел придонесување кон засадување нови зелени површини на локации во земјата каде е неопходно.

    HalkEco веќе прерасна во платформа преку која Халкбанк реализира и поддржува низа проекти кои ја покажуваат грижата на банката за заедницата и посветеноста кон зачувување на природата. Токму затоа и собраните средства од котизациите за учество во трката и годинава повторно ќе се искористат за  хуманитарни и општествено корисни цели.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично