ПОВЕЌЕ

    Во Боцвана ископан третиот најголем дијамант во светот

    Време зa читање: 2 минути

    Во Боцвана, јужноафриканска земја, пронајден е третиот по големина дијамант во светот, пренесува Агенција Анадолија (АА).

    Во изјавата дадена од фирмата за дијаманти „Дебсвана“, во Боцвана, се наведува дека дијамантот со 1.098 карати е пронајден на 1 јуни и е „третиот најголем скапоцен камен во светот“ од ваков вид.

    Исто така се наведува дека ископаниот дијамант е донесен во Габороне, главниот град на земјата, и презентиран пред претседателот на Боцвана, Мокгветси Ерик Кеабетсве Масиси.

    Линет Армстронг, директорката на фирмата „Дебсвана“, истакнувајќи дека ископаниот дијамант значи многу за Боцвана, рече: „Тоа ѝ дава надеж на нашата нација која се бори.“

    Дијамантот „Кулинан“ од 3.106 карати, е најголемиот досега откриен дијамант во светот, а пронајден е во Јужна Африка во 1905 година.

    Компанијата Дебсвана Дијамант е основана во 1969 година и е во сопственост на Владата на Република Боцвана и Групата на компании Де Пирс. Тој е еден од водечките производители на дијаманти во светот според вредноста и обемот.
    Дебсвана работи со четири рудници за дијаманти во Орапа, Летлхакане, Дамшаа и Ванванег. Дебсвана е голем придонесувач за националната економија на Боцвана – придонесува значително за бруто домашниот производ, девизните приходи и државните приходи. Тој е еден од најголемите работодавци во приватниот сектор, со над 5200 вработени. Дебсвана е исто така најголем придонесувач во производството на груб дијамант во групацијата Де Бирс.
    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично