П.И “Витаминка” АД Прилеп за периодот Јануари – Септември 2021 година оствари позитивен финансиски резултат искажан во неревидираниот единечен Биланс на успех.
Вкупни приходи
Остварените единечни вкупни приходи за девет месеци од 2021 година изнесуваат 2.124.674 илјади денари и во споредба со остварените за истиот период во 2020 година бележат пораст од 15%. Во структурата на вкупните приходи најголемо учество, 99%, имаат приходите остварени од продажба на производи и услуги од основна дејност, кои во споредба со остварените во 2020 година се повисоки за 14%.
Вкупни расходи
Остварените единечни вкупни расходи во девет месеци од 2021 година изнесуваат 2.076.890 илјади денари и во споредба со остварените за истиот период во 2020 година бележат раст од 13 %. Висината на вкупните расходи е во корелација со работењето во првото тромесечје од 2021 година.
Во извештајниот период е остварена добивка по оданочување во висина од 21.119 илјади денари, која во споредба со добивката за истиот период од минатата година е пониска за 9 %.
Во анализираниот период од 2021 година се преземени соодветни активности во поглед почитување на мерките за работа во услови на пандемија. Трендот на вкупниот приход на друштвото не е лош, но сепак неблагодарно е да се предвидува во услови на голема макроекономска нестабилност.