ПОВЕЌЕ

    „Виндоус“ со нова „облак“ услуга за работа и часови преку интернет

    Време зa читање: 2 минути

    Американскиот софтверски гигант „Мајкрософт“ најави дека „Виндоус“ ќе понуди услуга во облик на „облак“, за поголема прилагоденост на новите начини на работа и школување, што произлегуваат од корона-пандемијата.

    Услугата „Виндоус 365“ ќе биде претставена на почетокот на август и ќе им овозможува на корисниците да си изберат компјутерска моќ, меморија и капацитет за складирање на нивните податоци. Претплатниците ќе имаат пристап до „облакот“ преку персоналниот компјутер, „Мак“, „Ајфон“, со „Андроид“ или „Хромбук“, под услов да имаат компатибилен пребарувач со „ХТМЛ-5“.

     Ние ја дефинираме оваа транзиција кон „хибридната работа“ како вистинска флексибилност во начинот и местото на работењето и при работното време. Тоа е модел што се развива низ целиот свет, бидејќи луѓето почнуваат да експериментираат, вели Џеред Спатаро, одговорен за „Мајкрософт виндоус 365″.

    Компанијата одлучи да понуди верзија заснована на „облак“ со повратни информации, за вработените и студентите да имаат побрз и полесен пристап каде и да се наоѓаат. Поттик за идејата се работата и школувањето од дома за време на пандемијата на коронавирус.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично