ПОВЕЌЕ

    Апликацијата Whatsapp воведува ограничување на споделувања на содржини за да спречува дезинформации

    Време зa читање: < 1 минутa

    Популарната апликација во сопственост на Мета го отежнува препраќањето на пораки кои може да содржат лажни и погрешни информации.

    Во претстојното ажурирање, Whatsapp ќе постави нови ограничувања за тоа колку пати можете да препраќате текст.

    Доколку пораката е означена како „препратена“ во групен разговор, таа ќе биде оневозможена за понатамошно пренесување до други групи.Според извештаите во медиумите, последната опција е наменета за спречување на ширење лажни вести и дезинформации.

    Ова не е прв пат Whatsapp да се обиде да се справи со дезинформациите. Уште во март 2019 година, компанијата воведе автоматски ознаки на сите препратени пораки.

    Ограничувањата сè уште важат само за бета-тестерите, а ажурирањето ќе биде достапно за сите корисници во следните неколку дена.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично