ПОВЕЌЕ

    ,,ВАТРЕНИ“- Прв крипто токен на хрватската фудбалска репрезентација, во продажба за помалку од 6 дена

    Време зa читање: 4 минути

    За помалку од 6 дена или поточно на 20 јануари хрватската фудбалска репрезентација ќе го издаде својот крипто токен – „VATRENI“ (ВАТРЕНИ). Навивачите што ќе го купат овој токен ќе може директно да учествуваат во некои одлуки на Фудбалската федерацијана Хрватска.

    Планирано е да се издадат вкупно 30 милиони токени. Во првата понуда ќе излезе помал дел на токени кои ќе се продаваат по промотивна цена од 0.9 долари, или 10% пониска од планираната. Минималниот влог за раните поддржувачи е лимитиран и изнесува 500 долари. Продажбата на токенот ќе започне за помалку од 6 дена, а веќе има листа на чекање, во која може да се запишат заинтересираните.

    Во изработка на Токенот учество земале и две локални компании AMPNet и Biznisport. Името на токенот е симболот по кој се препознаваат навивачите на хрватската репрезентација.

    Дел од предностите кои ќе ги имаат сопствениците на токени се: учество во носење на некои одлуки, предност на купување на билети за натпревари, право на купување на ексклузивни производи. Токените во иднина ќе можат да се искористат и за плаќање на 200 локации. Конзум, познат ланец на маркети прв ги прифати криптовалутите како платежно средство и ќе биде една од овие локации каде ќе може да се пазари. Дополнително токенот ќе може да се користи во сите продажни места кои ја користат Paycek апликацијата. Дел од продавниците се Fervi, Ulaznice.hr, Football Mania, Santa Dominica, Хрватска пошта.

    „Со поддршка на ФФХ и интеграција на технологијата од AMPnet и партнерите Biznisport, сопствениците на токените ќе можат да учествуваат во носење на одредени одлуки; ќе имаат предност при купување на билети за натпревари; и попусти кај партнерите на ФФХ. Ќе имаат и можност да освојат, заработат или купат ексклузивни производи кои не се достапни никаде на друго место. Покрај ова токенот ќе може да се користи и за плаќање, бидејќи е компатибилен со Paycek апликацијата на Eletrocoin. Ќе може да се користи на повеќе од 200 локации како Конзум, Ферви, порталот Ulaznice.hr, Футбал манија, Санкта Доминика, Хрватска пошта и други“, вели извршниот директор на AMPnet, Мислав Јавор.

    Што со токените?

    „ВАТРЕНИ“ е таканаречен loyalty крипто-токен. Како и останатите дигитални криптовалути, неговата цена ќе расте и ќе паѓа во зависност од понудата и побарувачката. Loyalty-токените може да се користат и за плаќање, но и за гласање, и нудат дополнителни предности. Дел од предностите се пристап до определени производи или услуги ексклузивно на сопственици на определен број токени.

    „ВАТРЕНИ“ токен ќе се употребува во 6 случаи

    Луѓето кои поседуваат токени ќе можат да гласаат при изборот на дизајнот на дресови на репрезентацијата или стадиони на кои ќе настапува репрезентацијата. Кај ексклузивните понуди токените ќе може да се заменат за некои предмети или ВИП искуство. На пример потпишани дресови од репрезентативците или посети на тренинзи на репрезентацијата.

    Издавањето на токените ќе биде етапно во период од 4 години и ќе трае се додека не се издадат сите токени. Откако ќе започне продажбата токените ќе бидат достапни за размена со други криптовалути во менувачницата Uniswap.

    Во почеток плаќањето на продажни места нема да биде овозможено. Оваа функционалност доаѓа на крајот на април, кога сите кои купиле токени во претпродажба или претпродажба ќе може да го користат „ВАТРЕНИ“-токенот за плаќање.

    До декември 2021-ва во петте најголеми фудбалски лиги во Европа, 24 клубови веќе имаат сопствени токени. Некои се loyalty-токени, а некои клубови имаат и NFT токени кои се користат за дигитални колекции. Досега, над 350 милиони долари се потрошени на овие фудбалски токени, вели BBC.

    Бројот на клубови кои веќе имаат или најавиле дека ќе ги користат овие токени не е мал: Париз Сен Жермен, Арсенал, Астон Вила, Манчестер Сити, Барселона, Интер Милан.

    Најголема заработка од тргување – 130 милиони долари имаат токените на италијанскиот фудбалски клуб Лацио. Најмногу продажба пак имаат токените на Манчестер Сити, Порто и Сантош.

    Токените на Манчестер Сити и Лацио бележат најголем пад од почетокот на продажбата, 50% и 70%, додека на Интер и Трабзонспор во 2021 пораснале повеќе од биткоин.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично